Достапни линкови

Ќе има ли голема коалиција на социјал демократите и конзервативците?


Дали ќе има таканаречена голема коалиција на сега владејачките социјалдемократи и опозиционите конзервативци? Со ова прашање се преокупирани коментаторите во Германија, но и во светот, во врска со утрешните предвремени парламентарни избори во Германија.

Неодамнешните анкети укажуваа дека Социјалдемократската партија на канцеларот Герхард Шредер има околу триесет и пет, додека Христијанско демократската чиј кандидат е Ангела Меркел четириесет и два насто од гласовите. Тоа ја стави Меркел која, патем кажано, пораснала во поранешната комунистичка Источна Германија, во позиција да стане прва жена канцелар во историјата на земјата. Но, силната кампања на Шредер, според последните резултати, го намали водството на Меркел и можеби ја доведе во ситуација и покрај победата Меркел да не може да формира коалиција на десниот центар со традиционалните партнери Слободните демократи, односно либералите. Затоа, аналитичарите веќе зборуваат за голема коалиција меѓу двата ривала. Доколку тоа се случи Шредер би поднесол оставка, но сепак ќе претставува неочекувано тримфално заминување на еден политичар кој пред неколку месеци буквално беше отпишан. Кампањата, која заврши на полноќ, главно беше насочена кон оние петнаесет проценти од граѓаните кои немаат решено за кој ќе гласаат. Меркел со критики до валадата поради економската стагнација на земјата во изминативе неколку години. Достигнат е и рекордот: скоро пет милиони германци немаат работа.

„Господин Шредер се шета низ земјата и вели дека во изминативе седум години биле добри години за Германија и да бидам искрена тоа за многу луѓе е чиста бесмисленост.“

Шредер пак, признавајќи ги економските проблеми со одговор дека покренал економски реформи кои ќе резултираат со развој.

„Не велам дека сум задоволен од ваквата ситуација. Како е тоа можно? Но, евидентно е дека реформите што ги покренавме веќе почнуваат да даваат резултати.“

Смета Шредер кој додава дека економските проблеми ги предизвикала социјалната програма за Источна Германија на неговиот претходник конзервативецот Хелмут Кол по германското обединување. Резултатот од утрешните избори, според посматрачите, ќе има импликации и врз германската надворешна политика, особено во врска со Турските надежи за влез во Европската Унија со оглед што во осумдесет милионската Германија живеат два милиона турци. Тука се и германските односи со Соединетите Држави кои се нарушени по Шредеровото одбивање да ја поддржи војната во Ирак. Белата Куќа вели дека во оваа трка е неутрална. Сепак, некои од администрацијата на Џорџ Буш јасно ставија до знаење дека би биле среќни доколку би ја виделе првата ќена канцелар на Германија.
XS
SM
MD
LG