Достапни линкови

Центарот на градот полн со кучиња скитници


Во центарот на градот има многу улични кучиња, на граганиете им пречат оти велат страв ние и мора да се најде некое решение за нив:

„Премногу има, има по 20-тина, јас живеам кај Зелен Пазар.“
„Навечер овде во центарот е како село, ова не било никогаш, јас сум тука роден.“


На некои пак граѓани не им пречат кучињата и ниту еден од нив не се согласува дека решение е да се трујат

„Кучето си оди, животно е тоа.“
„Тие што ги трујат не им го дале животот, тоа не е баш исправно.“


Бранислав Гоџиров претседател на друштвото за заштита на животните Срна објаснува дека во Скопје постојат две групи на луге, едни кои ги сакаат па дури како што вели ги третираат и како членови на семејството и другата група на која што кучињата им пречат и многу од нив се решаваат да ги отрујат

„Има делови од Скопје каде што има повеќе групирани луѓе што сакаат животни и тие се грижат за нив, па ќе се најдат некои луѓе кои ќе направат белји. Имаме еден куп кривични пријави поднесено за тие работи и до сега се решени две – три,“

вели Гоџиров и додава дека постојат населби каде кучињата почесто се трујат како на пример Ново Лисиче, Автокоманда, Железара и други

„Некогаш тоа се врши и организирано, па дури има и објавено дека со комбиња без ознаки и во униформи без ознаки се фрлало отров, најчесто во Ново Лисиче.“

Подметнувањето на отров во храната на кучињата е најчест начин кој го користат граганите за да ги убијат, но Гоџиров потенцира дека тоа е опасно затоа што ако умре куче тешко 50 килограми лесно може да се отруе и некој човек.
XS
SM
MD
LG