Достапни линкови

Здружението на децата бегалци најави иницијатива за спречување на продажбата на имотите


Грција ги користи сите механизми за дискримирање и оневозоможување на правата на Македонците од егејксиот дел. Со вакво обвинение се обрати Сојузот на здруженијата на децата бегалци според кои грчката држава во последно време забрзано го продава имототѕ на македонците од тој дел и тоа по многу ниски цени. Извори од Министерството за надворешни работи велат самиот устав на Грција не признава малцинства туку само религиозни групи и тој факт ги ограни;ува македонците да бараат права . Но, во последно време велат од владата работите се помрднаа од мртвата точка пред се благодарејки на невладините организации , на европските институции и на македонската ораганизација во Грција, Виножито. Но сепак за правата на Македонците сеуште се говори само во интелектуалните кругови и од страна на невладиниот сектор, а властите во Грција не реагираат. Македонците чии имоти се продаваат имаат право да реагираат до сите институции, особено до судот за човекови права во Стразбург и до Советот на Европа и ние ги подржуваме во таа намера, на тој начин и нашите во Бугарија успеаа да добијат своја партија која што бугарскиот апелационен суд им ја оспори - велат од МНР

За активностите на НВО секторот во последниве години говори и фактот дека македонскиот хелсиншки комитет заедно со грчкиот ке организираат заеднички настап со цел прашање за Македонците да го отвори на мегународно ниво.

„Сите овие постапки на грчката држава претставуваат континуирано кршење на правата на одреден број луѓе, поранешни граѓани на оваа држава и денешни било на Репубика Македонија или на друга држава. Грчкиот Хелсиншки Комитет во повеќе наврати се спротистави на ова.“

објаснува претседателката на комитетот Мирјана Најчевска

Портапаролот на МНР пак Душко Узуновски вели дека продажбата на имотите на македонците во егејксиот дел е проблем со долга историја

„Значајно е да се повлече дека оваа проблематика одамна ги надмина границите на националното право. За оваа проблематика постојат меѓународни механизми и инструменти кои се ставаат на располагање на граѓаните, токму од причина што државните институции не овозможуваат целосно разрешување на сложените случаи како што е овој. МНР во рамки на своите надлежности ќе се грижи за правата на македонските граѓани.“

Многу е тешко да се реагира околу правата на Македонците велат изворите од влада затоа што уставот на Грција е дискримирачки но и таму во последно време почнуваат да дуваат позитивни ветрови.
XS
SM
MD
LG