Достапни линкови

Лицата со специјални потреби на маргините на општеството


Лицата со специјални потреби и инвалидите во Македонија не се третирани како што треба. Често се злоупотребувани и маргинализирани:

„На сите начини сме како втора класа на граѓани.“

Овие лица според законот од 2003 треба да бидат ослободени од партиципација во примарното здравство, но тие и понатаму плаќаат од свој џеп:

„Им рековме дека овие деца се ослободени од партиципација, тие ми рекоа дека не знаат и не се запознаени со тоа. Проблем е во тоа што јас не знам дали правните служби во здравството затајуваат“

„Тоа е член што ги ослободува од било каква партиципација во примарното здравство и не би требало да плаќаат било каква партиципација,“


вели директорот на Фондот за здравство Никола Пановски.

Овие лица добиваат од државата по 3,200 денари за туѓа нега, но велат, или воопшто не ги добиваме или чекаме со години. Но, и ова не би било проблем, доколку би се нашле лица кои би се нафатиле да не чуваат:

„Дали би се нафатиле да бидете цел ден до него за 3,000 денари?“

Проблем е и со вработувањто на инвалидите. Работодавците ги користат за добивање екстра средства за својот бизнис, вели Звонко Ставревски од ПОЛИО ПЛУС:

„Државата дава силни пари. Треба да се направат механизми за развивање корпоративна одговорност на фирмите.“
XS
SM
MD
LG