Достапни линкови

Во Македонија се одгледува марихуана, но нема лабораторија за производство на синтетички дроги


Во Македонија од дрога се одгледува само марихуана, особено во источниот регион, а во последно време и во околината на Тетово. Според податоците на Министерството за внатрешни работи лаборатории за производство на синтетички дроги нема. Пред неколку години се говореше за постоење на лабораторија во Сарај, но МВР тоа никогаш не го потврди. Цените на таблетите екстази пак на нарко пазарот се намалени за разлика од пред неколку години. Од невладината организација ХОПС опции за здрав живот велат и дека бројот на луѓе кои користат синтетички дроги е во пораст. Најмладиот корисник кој го имаат регистритарно е на 13 годишна возраст:

„Трендот има големо влијание. Синтетичките дроги се и поефтини од хероинот.“

вели Влатко Деков и додава дека цената на една таблета е од 300 до 500 денари.

Намалувањето на цените како резултат на евентуалното производство на синтетички дроги кај нас го негираат и фармацевтите. Потребна е соодветна лабораторија и супстанции до кои е невозможно да се дојде бидејки има законска регулатива за нивната набвка, вели фрамацевтот Никола Миновски

„Јас можам да ја набавам остовната суровина, меѓутоа супстанциите за синтеза на дрога, дали тоа ќе биде синтетски или полусинтетски дериват е невозможно од аспект што нас ни треба документ, со којшто преку фирмите се недостапни. Тоа не подразбира едноставен процес, потребно е одржување на одредени параметри, температура, притисок итн.“

Полицијата пак од почетокот на оваа година најмногу има запленето марихуана 29 килограми и хероин околу 50 килограми и помали количества на дрги видови дрога. Меѓу нив и 2500 таблети екстази:

„3 килограми хашиш и 385 грама кокаин. Најголем број случаи се реализирани преку претреси на станови и патнички возила, а според возраста, четворица се малолетници, додека пет се жени, Најголем дел од екстазите доаѓаат од СЦГ.“

вели шефот на кабинетот на министерот Горан Павловски

Во првите шест месеци од годинава царината пак освен еден килограм хероин на запленет на граничниот премин со Србија и Црна гора, Табановце нема откриено други случаи на криумчарење на дрога.
XS
SM
MD
LG