Достапни линкови

Сеуште нема договор за цената


Жито производителите велат, пченицата оваа година не ни се исплати да ја дадеме под 10 ипол денари, мелничарите велат, за таа пченица не доаѓа во предвид да се плати повисока цена од 7 денари , владата посматра и коментира субвенционирање на производството нема да има.

,,Не можеме да се погодиме со млинарите, а државата не дава никакви субвенции,”

вели Цветко Петрушевски еден од најголемите производители во скопскиот регион. Доколку сватиме дека живееме во пазарно општенство, каде пазарот ги диктира цените нема да има никаков проблем, е кометарот на Петар Илиев директор на Жито Битола.

,,Прашањето на цените мора да се решава пазарно. Глупаво е ние да се јавуваме како арбитри, треба ваква или онаква цена.”

Според мелничарите, тие се заинтересирани да го откупат целото домашно производство , но не по цени кој ги бараат домашните производители . би било погубен деловен потег доколку платиме висока цена ,а во наШето соседство истиот производ да се продава за 20 до 30% поевтино.

,,Нема лутење. Условите кои постојат во државата за слободен увоз и цените коишто може да се добијат. На тој начин ќе делуваме и ќе понудиме цена адекватна на состојбите на пазарот.”


За таа цена што ја нудат мелничарите пченицата не ја даваме, а цените во Србија и Црна Гора не се такви како што сакат да прикажат тие вели Петрушевски.

Доколку владата смета дека има некаков проблем со овогодиШниот откуп на пченицата таа тоа може да го реши на најлесен начин, треба само да го одврзи кесето, сугерираат мелничаритерите.

,,Ако се урфли државата треба да го сноси трошокот за да се дојде до баланс, ако сака др1жвата да им помогне на селаните.”


Несмее да дозволи државата да води политика со која ќе го субвенционира производството на јачмен, а нема да одобрува финансиски средства за пченицата предупредуваат земјоделците:

,,Крај на краиштата ние треба да јадеме јачмен, има 100 милиони денари субвенции за јачмен, а нема за пченица. Зошто да садам пченица? Ќе садам јачмен.”

Официјалниот откуп на пченицата ќе започне од 1 јули.
XS
SM
MD
LG