Доколку живеете во Централна Азија, Русија, Авганистан или Иран вие им припаѓате на оние четириесет и пет насто од глобалното население во чии земји медиумите не се слободни, се оценува во извештајот на Фридом Хаус, во кој се додава дека пречки во остварувањето на својата слобода биле забележани и во многу други земји, почнувајќи од Соединетите Држави, па завршувајќи до Пакистан. Во исто време, напредок имало во земјите каде што се случиле демократски промени, како Украина и Либан. Фридом хаус, во групата од пет земји што се оценети како ,,најлоши од најлошите,, ги вклучи Северна Кореа и Туркменистан. Притоа се наведува дека таму не постојат никакви независни медиуми и оти сите се контролирани од државата.
„Туркменистан е една од најлошите во сферата на слободата на печатот и досега немаме забележано некое подобрување. Напротив. Неодамна беше издаден декрет со кој се забранува влезот на странски весници и магазини во таа земја. Значи тоа е уште еден чекор во погрешна насока.“
вели Кристофер Волкер, директор во организацијата Фридом Хаус. Тој посочува дека тоа во многу ја отежнува работата на новинарите, посебно во земјите што настанаа по распаѓањето на Советскиот Сојуз.
„Во медиумскиот сектор, тоа е јасно: за новинарите е многу тешко да се работи. Во сите поранешни советски републики, без исклучок, новинарите се соочуваат со големи рестрикции. Има некои подобрувања во Украина, но се на се, општата состојба е многу тешка.“
Вели Волкер. Во извештајот на Фридом Хаус се наведува дека условите за функционирање на медиумите и натаму се лоши во Белорусија и во Узбекистан. Тамошните влади, како што се посочува, на разни начини, меѓу другото и со затворски казни, го спречувале развојот на независните медиуми, но и на интернетот. Фридом Хаус во ивештајот всушност ги рангира скоро сите земји во светот според состојбата со печатените, електронските, но и според слободата на пристапот и емитувањето на Интернетот. Така од сто деведесет и четири земји во светот, каде што беше извршено истражувањето во минатата година, седумдесет и пет земји се оценети како слободни, пеесет како делумно слободни и шеесет и девет земји како неслободни.