Достапни линкови

Косово треба да добие поголема форма на автономија, но не и независност


Од први мај, десет евра ќе плаќа секој македонски граѓанин кој ќе сака да влезе на Косово, вака гласи одлуката на УНМИК донесена неодамна која важи за сите странски државјани освен граѓаните на Србија и Црна Гора. Со цел да дообјасни ваквиот чекор на УНМИК во Скопје продолжуваат консултациите и се согледуваат сите последиците од ваквата одлука на УНМИК. Ќе ги браниме интересите на македонските граѓани изјави министерот за надворешни работи Илинка Митрева по средбата со нејзиниот колега од Србија и Црна Гора Вук Драшковиќ

,,По состаноците ќе се направи темелна анализа од сите аспекти и во консултација со надлежните сектори од МНР, како и министерствата во Владата, Република Македонија ќе делува во правец на заштита на интересите на македонските граѓани.”

Шефот на дипломатијата на Србија и Црна Гора од друга страна не ја коментираше ваквата одлука на УНМИК, но ја искористи можноста да потсети:

,,Ние излеговме се една европска формула максимално компромисна која гласи повеке од автономија, а помалку од независност. Ние сакаме да го зашптитиме српскиот народ на Косово . А какво име ќе му се даде на тој нов статус на Косово за тоа ќе се договориме по определувањето на суштината на тоа што ќе се преговара. Треба да почекаме да се роди детето а потоа да го крстиме,”

изјави Драшковиќ кој потенцира дека мора да заврши демаркацијата на граничната линија меѓу двете земји, посебно во делот кон Косово:

,,Мислам на оној дел на нашата косовска граница со Македонија. Нашиот став едека и треба да го одбележиме тој дел од границата иако е тоа текничко прашање на тој начин што тоа би го направиле преставници на Македонија од една страна, Србија Црна Гора од друга, додека УНМИК и КФОР ќе мора да дадат безбедносни гаранции за работата на македонските и српско црногорските екипи кои ќе работат на одбележувањето на границата,”

изјави Драшковиѓ.

Министерот Митрева пак го повтори ставот на Македонија дека границата ке мора да се одбележи пред почетокот на конечниот статус на Косово.

,,На овие разговори е потврден ставот на Република Македонија дека одбележувањето на границата кон СЦГ во делот со Косово треба да заврши пред изнаоѓањето на конечниот статус на Косово, и за таа активност треба да се изнајдат соодветни модалитети.”
XS
SM
MD
LG