Господине Прчевски, општа е констатацијата дека судството и обвинителството во земјава се неажурни и неефикасни, па затоа се препорачува и забрзување на рефромите. Дали ќе се зголеми ефикасноста по најавените уставни промени?
Факт е дека во рамките на надминување на тие состојби пристапено е кон имплементација на домашното законодавство и усогласување со она на европската унија и светот, имајќи предвид дека на тој начин како прв чекор ќе можеме да постигнеме одредена успешност или ефикасност во брзината на одредени судски постапки во граѓанска или кривична постапка. Но, во секој случај факт е и тоа дека одредени пречки во имплементација на прописите од материјално и процесно право се закочени во уставните промени и дека е неопходно да имаме и уставни измени во таа смисла, па токму затоа се надевам дека на 28 во понеделник ќе биде покрената иницијатива на владината седница за измени и дополнувања на уставното уредување во тој правец.
Американската амбасада во земјава излезе со листа на случаи на корупција во земјава кои подолго време се заглавени во судските лавиринти. Судиите реагираа дека е недопустливо странци да се мешаат во нивната работа. Ваш коментар?
Па, не би рекол дека е мешање бидејќи во согласност со уставното уредување на Република Македонија, законот за судовите и другите правни акти кои се на сила, не даваат можност ниту има реална можност некој од надвор да се меша во практицирањето на власта, независно дали е извршна, законодавна или судска. И она што беше кажано од американската амбасада за мене или за мои сфаќања може да биде позитивно. Мислам дека меѓународната заедница има право и тоа е во наш интерес да обрне внимание на одредени слабости во системот на правосудството, од причина што тоа ги условува процесите на инвестирање странски капитал во државата, а тоа не е во наш интерес. Така што, можам да заклучам дека тоа не го смеатам како мешање и дека тоа би можело да влијае од аспект на притисок или слично врз судиите, обвинителите и другите чинители во рамките на остварувањето на судската и јавно обвинителската функција.
Добро, а што се случува со случаите за корупција кои беа посочени од екс премиерот Хари Костов. Во една прилика ветивте дека до крајот на јануари ќе се знае што со нив, но до сега немате соопштено ништо конкретно?
Веднаш да констатира, и одговорно тврдам дека во случајот оставка на Хари Костов немаше никакви случаи, ниту пак господинот Хари Костов при давањето на неговата оставка во неговото образложение и во исказот што го даде при одделот за борба против организираниот криминал формиран при јавното обвинителство на Република Македонија некакви поконкретни показатели за сторители или сторени кривични дела. Значи, оставката на Хари Костов нема никаква основа за поведување на било каква постапка против било кој. Но, ние имајќи ја предвид таа оставка, презедовме конкретни дејствија, особено во делот од продажбата на земјиштата кои беа експлоатирани и во медиумите и за кои имавме формирано и предмети и пред тоа, но имајќи предвид дека станува збор за многу предмети, за многу договори и во министерството за транспорт и врски и во министерството за финансии и да за тоа треба време и простор за тие да се земат, обработат, анализираат и дури потоа да се донесе јавно обвинителска одлука. Што значи, ние работиме. Работата е во тек и мислам дека брзо ќе имаме и одредени конкретни резултати. Но, во моментов не можам да кажам поконкретно што произлегува од таа работа, бидејќи тоа е во интерес на истрагата, што ја води одделот за борба против организиран криминал. А, впрочем за такви евентуални кривични дела треба и време, што претставува проблем и на многу поразвиени земји со многу поголема пракса, во своето постапување. Според тоа, треба трпение. Ние ќе излеземе пред јавноста и ќе ја информираме за се она што е најдено.
Хашкиот трибунал покрена обвинение за еден од петте случаи за кои беше заинтересиран. Што е со останатите четири?
Од сознанијата што јас ги имам кои не се изворни или од она што се шпекулира во јавноста, или изјавите на владини функционери очигледно дека тие ќе бидат вратени. Иако, мое убедување е дека Трибуналот, односно обвинителката, ќе се обиде за некој од нив и особено за водството на ОНА да преземе и дополнителни активности, во смисол на утврдување на одредени факти и околности во насока на поднесување обвинение. Меѓутоа, доколку тоа не е случај, Трибуналот ќе ги врати тие предмети и ние сме должни да преземеме гонење на лицата сторители на тие кривични дела. Што значи, должни сме да поведеме постапки за истраги и должни сме да утврдиме околности и факти кои ќе даваат основа за сомневање дека некој сторил кривично дело. Сега би било прејудицирање ако било што друго полемизираме во таа насока.
Албанските политичари и партии сугерираат дека македонските судови не се надлежни за нив повикувајќи се на Законот за амнестија?
Приоритет во повредата на меѓународното хуманитарно право има трибуналот. И за државјани на одредена држава и за странски државјани, и доколку тие не преземат дејствија и кажат дека ги отстапуваат таквите предмети ние сме должни и имаме јурисдикција да постапиме и согласно територијалниот принцип на важењето на нашето законодавство тоа ќе го сториме во рамките на нашите овластувања а согласно Уставот, законите и меѓународните конвенции чии потписници сме како Република Македонија.