Достапни линкови

На изборите, значајни нерегуларности


Американскиот Стејт Департмент се согласува со оценката на европските посматрачи дека во првиот круг од локалните избори во Македонија имало значајни нерегуларности.

Американскиот Стејт Департмент, како што изјави на синоќешната редовна прес конференција во Вашингтон портпаролот Ричард Баучер, се согласува со оценката на Организацијата за безбедност и соработка во Европа дека локалните избори во Македонија минале во најголем дел според меѓународните стандарди, но оти имало и значајни нерегуларности во некои делови на земјата.

„Ги повикуваме македонските власти да ги истражат и судски да ги гонат сите случаи на кршење на законот и тоа да го сторат пред почетокот на вториот круг што треба да се одржи на дваесет и седми март.“

Изјави портпаролот на американскиот Стејт Департмент Ричард Баучер на прес конференцијата во Вашингтон, а во врска со првиот круг од локалните избори во Македонија одржани во неделата.
XS
SM
MD
LG