Достапни линкови

Џулијан Пил Јетс, ОДИХР. Нема причина зошто Македонија да не спроведе добри избори


Господине Амбасадоре, која е улогата на набљудувачите на ОДИХИР на овие избори?

Дојдени сме како наблудувачи на Организацијатта за Демократски Институции и Човекови Права за да ги наблудуваме локалните избори како дел од ОБСЕ, а по барање на Македонската влада да го наблудуваме целекупниот процес на локалните избори. За таа цел тука сме веке еден месец и ги наблудуваме сите аспекти , вклучувајки го и регистрирањето на кандидатитре, работата на ДИК и другите изборни власти како и кампањата на партиите и генерално работата на министерствата. Следната недела ќе ни се приклучат и краткорочните наблудувачи кои ќе бидат распоредени секаде низ земјава за да го следат процесот на гласање на 13 март следната недела. Откако ќе заврши гласањето ние ќе ги доставиме нашите резултати од наблудувањето од целиот изборен процес. Тоа ќе го сториме ден по изборите и тоа ќе биде јавен документ којшто ќе биде поставен на Интернет а таму ќе се наоѓаат нашите генерални оценки за процесот во целина. Акредитирани се вкупно 360 наблудувачи кои доаѓаат од нашите земји членки и тоа според нас е доволен број наблудувачи.

2. која е вашата оценка за досегашниот тек на кампањата?

Ние се држиме до еден наш кодекс во ОБСЕ кој што не обврзува да не правиме предвремени оценки и коментари за изборниот процес. Има многу добри причини за тоа многу е важно да се пласира за време на кампањата гледиштето на самите избори а не и гледиштето на наблудувањето, за ставот на граѓаните да биде оптоварен или попречуван од надворешни субјекти, какви што сме ние. Начинот на кој работиме е следен: најнапред ги собираме сите податоци, а потоа подготвуваме извештај што го објавуваме следниот ден по изборите. Значи, поради овие нешта би ве замолил да почекате до 14 март за кога имаме предвидена прес конференција.

3. Постајат големи стравувања за можни инциденти за време нагласањето. Кумановско Липковскиот регион и западниот дел од земјава се посучуваат како најризични?

Имаме значителен број наблљудувачи за кои сметам дека ќе ни обезбедат целосна слика и покритие за тоа што ќе се случува на теренот. Во земјата во некои од минатите избори имаше и значителни нерегуларности во едне дел од изборниот процес за кои бевме сосема свесни. Но, сега навистина се надевам дека ќе нема да бидеме сведоци на сериозни неправилности и случаи за кои нема оправдување. Генерално гледано, нема причина зошто Макеоднија да не спроведе добри избори. Во земјата има технички капацитети и експерти. Но, она што треба да се покаже во деновите што доаѓаат, а особено на денот на гласањето, е колективна политичка волја за добри избори, а тоа значи секој да си ја работи својата работа, а тоа не се однесува само на владата и на одговорните за изборите, туку и на политичките партии, на кандидатите и нивните тимови, како и самите гласачи. Сите си имаат свој удел во осигурувањето дека, неправилностите кои се случувале во минатото, овој пат да не се повторат.


Поучени од минатото, имате ли во план во проблематичните региони да поставите поголем број набљудувачи?

Наша доплжност е да обезбедиме целосна рамнотежа во набљудувањето и тоа ќе го сториме, а во плановите што сме ги подготвиле и кои и понатаму ги подготвуваме ќе ги имаме во предвид искуството од минатото, и внимаваме на регионите кои можеби бараат подетален приостап. Но, тие информации ги чуваме за нас и нема да кажеме кога или каде ќе се наоѓаат нашите набљудувачи, зашто моментото на изненадување е многу значаен во процесот на набљудување.

Што би значеле за Македонија евенталните нерегуларности при изборниот процес?

Овие избори се многу значјани за Македонија поради голем број причини: важни се поради територијалните промени на општините што произлезе како обврска од Охридскиот договор. Важни се поради макеоднските аспирации кон ЕУ, па затоа сметам дека широката меѓународна заедница со внимание ги набљудува овие избори, исто како што тоа го чиниме и ние. Мислам дека секој подеднакво треба да признае дека последиците од евентуални неправилности (иако јас верувам и нагласувам дека такви нешта нема да има), овој пат ќе бидат многу поводливи, отколку во минатото. Нашата улога тука е да ги набљудуваме изборите во согласност со меѓународните стандарди и со одредбите на ОБСЕ, кои ги прифати и Макеоднија. Значи, останува другите да судат за последиците, ние ме се вклучуваме во тие работи. Ние само набљудуваме и известуваме за тоа што го гледаме.

ОДИХР исто така ги набљудува и известувањата на медиумите. Која е вашата оценка за нивната досегашна работа и дали сметате дека некои нешта треба да се подобрат во овој домен?

Медиумите се особено важен дел за секоја кампања. Медиумите имаат витална улога во информирањето на граѓаните, со цел, гласачите да можат да избираат. Внимателно ги набљудуваме медиумите за време на целата кампања. Таквата мониторинг мисија значи секојдневно следење на пишувањето и информирањето на електронските и печатените медиуми. Нашите резултати од следењата за избалансирањето информирање ќе ги објавиме ден по изборите.

Дали сте забележале говор на омраза за време на кампањата, односно дали ќе ги набљудувате и тие појави?

Секако дека да, и таквите појави се многу важни за ОБСЕ, Организација која верува дека земјите ќе ги почитуваат и спроведуваат одредбите за човекови слободи, така што ако забележиме такви појави, ќе информираме за нив.

Дали присуството на ОДИХР во земјава веќе неколку години значи дека меѓународната заедница оценува дека Македонија не е способна да организира слободни и демократски избори?

Не и никој не би требало на такво нешто да помисли. Ние сме тука по барање на македонската влада и како дел од заложбите на останатите 54 земји членки на ОБСЕ за време на избори да поканат набљудувачи. Минатата година имаше изборни набљудувачки мисии во држави и како што се Русија и САД. Значи, никој не би требало изборните небљудувања да ги гледа како „стигма”. Забалежувам дека нашата мисија е значајна што пак,е доказ дека меѓународната заедница ги поддржува демократските процеси во Македонија и секако го докажува нејзиниот голем интерес за Макеоднија. Сепак, треба да се напомене дека сме го достигнале степенот во кој Макеоднија се движи во позиција каде набљудувачките изборни мисии се добредојдени, но не и неопходни за спроведување на добри избори.
XS
SM
MD
LG