Достапни линкови

Македонија го одобри договорот на СЗО, но без законска тежина


Македонија го одобри договорот против пушењето на Светската здравствена организација, но овој договор нема да има законска тежина се додека не стапи во сила. Државите кои го ратификуваа договорот на организацијата, најдоцна за три години, ќе стават предупредувачки маркици на кутиите со цигари, а за пет години ќе мораат да ја забранат секоја промоција на тутунот.

Министерството за здравство изготви стратегија за контрола на тутунот, а една од примарните точки е токму потпишувањето на Глобалниот договор против пушењето на Светската здравствена организација.

,,Во моментов стратегијаат е поднесена на усвојување на владата. Сметаме дека многу брзо, ако владата реши ќе дојде до потпишување на договорот,”

вели Снежана Чичевалиева од Министерството за здравство

Според статистиките цигарите убиваат околу пет милиони луѓе годишно.Затоа, Обединетите Нации им препорачуваат на земјите во развој, да воведат високи даноци на тутунските производи и да го намалат бројот на местата каде што пушењето е дозволено.

Лекарите советуваат да се намали со пушењето, зашто цигарите предизвикуваат рак на белите дробови, и штетно влијаат на срцето и на крвните садови. Исто така, младите кои сакаат да имаат здраво потомство, треба да ги избегнуваат цигарите.
Гинеколог доктор Нада Николовска вели дека никотинот штетно влијае врз репродуктивниот процес.

,,Големи проблеми за младите брачни парови претставува зголемениот број спонтани абортуси во првите месеци од бременоста, како последица на никотинот и лошата васкуларизација на матката. Последиците се чувствуваат кај сите. За време на самата бременост никотинот предизвикува стеснување на крвните садови и со низа студии е докажано дека деца на жени коишто пушат се раѓаат со помала родилна тежина околу 500 грама.”

Договорот го ратификуваа 40 земји, наспроти силното лобирање на претставниците на тутунската индустрија, против оваа спогодба.
XS
SM
MD
LG