Достапни линкови

Демаркацијата на македонската граница кон Косово една од темите


Два дена пред посетата на македонска владина делегација во Приштина, премиерот Владо Бучковски престојува во Белград каде со српските власти ќе разговара за демаркацијата на гранината линија на македонија со Србија и Црна Гора на делот кон Косово.

И покрај јасниот став на косовските политички фактори и пораките од дел од меѓународната заедница дека не е вистинско време за поставување на гранични камења, Бучковски на своите српски колеги уште еднаш ќе им ја повтори заложбата границата да биде разрешена пред Обединетите нации да го отворат прашањето за статусот на Косово.

„Нашиот цврст став дека ние инсистираме тоа да се случи пред евентуалната последна рунда разговори за решавањето на финалниот статус, затоа што на тој начин би ги затвориле прашањата кои егзистираат во јавноста дека евентуалниот финален статус ќе ја загрози безбедноста и територијалниот интегритет на Македонија,“

изјави премиерот Бучковски по минатонеделната средба со лидерот на косовската опозиција Хашим Тачи.

На средбите со државниот врв на СЦГ претседателот на македонската Влада, како што соопштува неговиот Кабниет, ќе нагласи дека во интерес на Македонија е интензивирање на контактите и дијалогот на сите нивоа и оти треба што поскоро да почнат активностите на теренот околу спроведување на демаркацијата на границата.

Експертите во земјава пак семтатат дсека ирелевантно дали демаркацијата на границата ќе се случи пред или по дефинирањето на конечниот статус на Косово. Аналитичарот назми Малиќи со став:

„Тоа е ирелевантно прашање. Косовските власти имаат став дека тоа е прашање што може да се надмине со еден лесен добрососедски дијалог, на Косово и Македонија.“

Македонија смета дека демаркацијата од страната на границата на делот кон Косово треба да ја спроведува УНМИК, а да се најде формула процесот да можат да го набљудуваат претставници на Белград и Приштина.

Инаку премиерот Бучковски во Среда ќе престојува во прва офицјална посета на македонска владина делегација на Косово, каде освен со преставниците на меѓународната заедница ќе се сретне и албанските лидери на Косово. Македонија на 2 март во Приштина отвора своја економска канцеларија.
XS
SM
MD
LG