Достапни линкови

Одложена седницата на постојаниот комитет за сукцесија на екс Југославија


Тимот за сукцесија задолжен за поделба на финансискиот колач од поранешната СФРЈ денеска ја одложи седницата која требаше да се одржи во Скопје, а на која требаше да го подели остатокот од монетарното злато во вредност од околу 85 милиони американски долари. Првиот човек на македонскиот преговарачки тим, вели причините за пролонгирањето на денешниот состанок се објективни.


,,Имаше промена на власт на едно, друго место и сега сите сме професионалци, меѓутоа сме обврзани да се легитимираме кај новата власт и таа да каже дали ќе биде истиот претставник итн.”

Што се однесува до најболното прашање на кое сеуште нема дадено одговор финансиксиот комитет, а тоа е каде се исчезнатите над 600 милиони американки долари девизни резерви од Народната банка на поранешна СФРЈ, Христова вели, ќе се формира експертска група, која по принципот на работа при утврдувањето на клириншкото салдо ќе дојде и до исчезнатите средства.

,,Ќе почне од документацијата на Народна банка на Србија, за да се види што е фактичката состојба.”

Доколку финансискиот комитет ги лоцира исчезнатите 600 милиони американски долари, Македонија во тој случај би добила околу 45 милиони. Инаку владата сеуште не успеала да изнајаде начин за наплата на 90-те милиони клириншки долари признаени побарувања од поранешниот Советски Сојуз или досега од овие средства се наплатени околу 50 %:

,,Еден дел е во фаза на реализација, ама другиот дел треба да се седне да се разговара. Еден проект беше набавка на авион за владата, ама таа се одлучи за друг авион.”

Од досегашниот процес на сукцесија македонскиот преговарчки тим е комплетно задоволен. Процентот кој Македонија го добива од секоја поделба било да се работи за имот на пораешната СФРЈ или финансиски средства изнесува 7.5 насто.
XS
SM
MD
LG