Достапни линкови

Меѓународните претставници во Македонија очекуваат фер и демократски избори


Во пресрет на локалните изборите што треба да се одржат на 13 март меѓународните претставници во земјава очекуваат фер и демократски изборен процесс.

,,Главните очекувања на мисијата на ОБСЕ во Скопје е да има од сите политички партии и кандидати кои ќе учествуваат на локалните избори почитување на правилата за фер и демократски избори. Ние се надеваме дека тие искрено ќе ги почитуваат меѓународните стандарди.”

,,Европската унија се разбира очекува слободни и фер избори во март и тоа во согласност со европските стандарди. Доколку има лица кои нема да ги почитуваат правилата ние сметаме дека надлежните инсттуции во земјава ке преземат соодвени мерки.”

Изјавија Максим Филандров од ОБСЕ и Јеспер Томсон од канцеларијата на Европската унија во земјава. Изборите ќе ги набљудуваат лица од Организацијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ кои се акредитираат во Државната изборна комисија, а рокот за нивно пријавување истекува на 3 март. Во Македонија веќе пристигнаа и првите долгорочни набљудувачи кои ќе го набљудуваат целиот изборен процес кампањата, како и самиот ден на изборите.

,,До ДИК стигна првото барање за акредитирање 32 набљудувачи од ОБСЕ, ОДИХР и тоа е прво барање. Тоа се долгорочни набљудувачи,”

изјави Зоран Таневски од ДИК.

Локалните избори во текот на целиот иборен процесс ке ги набљудуваат и лица од невладиниот сектор во Македонија.

,,Годинава МОСТ, како и за претходните, планира да ангажира околу 3,500 волонтери, дел од нив ќе бидат статички, а дел од нив ротирачки кои ќе го набљудуваат избирачкиот процес,”

информира Славица Билјарска од МОСТ. Последните избори што се одржа минатата година кога се избираше претседател на државава ги набљудуваа околу 300 меѓународни набљудувачи и три илјади и петстотини од невладините организации во Македонија.
XS
SM
MD
LG