Достапни линкови

Наскоро почеток на кампањата


Политичките партии во земјава, полека, но сигурно привршуваат со внатрепартиските договарања околу објавувањето на имињата на кандидатите за градоначалници. Искуството, чесноста и професионалноста, се главните критериуми кои решавале за именувањето на кандидатите, велат во партиите:

„Основниот критериум ни беше, кандидатите коишто ќе ги избереме да бидат луѓе коишто ја уживаат довербата на гласчкото тело од кадешто ќе бидат избрани. Секако, другите критериуми се професионалноста, решителноста со одговорност да се завршат работите и активностите поврзани со општините,“

вели Емира Мехмети портпарол на ДУИ. За опозициската ВМРО ДПМНЕ пресудно во назначувањето на кандидатит е истите да немале хипотеки зад себе:

„Тоа треба да бидат луѓе успешно во својот живот, авторитети и коишто ќе работат за доброто на сите граѓани во општините, ако бидат избрани за градоначалници,“

изјави Портпаролот Александар Бичиклиски. Со слини ставови и во ПДП која на овие локални избори настапува во коалиција со ДПА. Ставот го пренесува лидерот Абдулади Вејсели

„Лица кои имаат доверба кај тие граѓани, авторитет во средината кадешто работат и сигурно подготвени да ја извршат доверената задача.“

Партиите се подготвени да го дочекаат почетокот на кампањата .

„Ние бевме подготвени и во регуларниот термин, а и во овој момент сме подготвени.“

И во ДУИ велат дека се подготвени но сеуште преговараат со компании кои би требало да ја работата нивната кампања:

„Во контакти сме со компании коишто професионално се занимаваат со организирање на кампањи и промовирање имиџ, очекуваме во предвидениот законски рок да ја почнеме кампањата.“

Во коалицијата ДПА ПДП најавуваат:

„Се е спремно, со тоа што ние за два – три дена ќе излеземе и со платформата за изборите.“
XS
SM
MD
LG