Достапни линкови

Сопствениците на дуќаните протестираат поради високите цени


Долги години сопственикот на туристичката агенција „Фрама“, Митко Бојаџиески имал закупено простор во Градскиот Трговски Центар. Неодамна му стигнала понудата од ГТЦ да си го откупи дуќанот. За парите што му ги бараат, Бојаџиески вели:

„Цената не е скапа, туку баснословна. Мене ми доаѓа да плата 330-340 илјади евра. Со тие пари, можеби помал, ама ќе купам дуќан на Елисејските полиња. Ова не можам да го сфатам. И мислам дека ќе се продадат дуќаните по десет, дваесет и триесет квадрати“

Сите дуќани што се околу туристичката агенција се затворени. Заради лошата местоположба овие деловни простори останале празни.

„Само уште јас сум како дуќан активен. Лево и десно до мене се празни и ако ме нема “

Оние кои сакаат да ги купат дуќаните што ги закупиле порано, за осумдесет дена ќе мораат да ја платат целата сума.Директорот на ГТЦ Милан Милошевски вели:

„Имаат можност на рати, ако земат кредит од банка, инаку кај нас нема на рати.“

Банкарски кредити има, но тие се неповолни за дуќанџиите

„Јас имам и понуда од банка која ќе ме финансира да го купам дуќанот, со девет насто камата, замислете вие колку пари треба да платам за десет години, колку камата.“

Во Градскиот Трговски центар се надеваат дека во овој бран ќе продадат повеќе од сто дуќани. Оние што нема да се продадат ќе одат на лицитација. Митко Бојаџиески, пак, сигурен дека неговиот дуќан нема никој да го купи:

„Нема шанси да се најде некој паметен да даде толку пари, а да му се наоѓа на страна дуќанот. Да е на главниот дел долу, верувам дека ќе има интерес, таму и семки да продавате ќе вадите пари. Пет години до мене дуќаните не може под наем да ги дадат, а не да го купи некој.“

Ако се продадат сите 233 дуќани, државата треба да добие 40 милиони евра.
XS
SM
MD
LG