Достапни линкови

Пререгистрација на легалното оружје


Законот за оружје главно го регулира начинот на легалното поседување на оружје. Новина што предизвикува реакции на незадоволство е одредбата од законот што предвидува пререгистрација на дозволите од страна на граѓаните што веќе поседуваат дозволи. Тоа според проценките, граѓаните ќе ги чини пари и време:

„Секој сопственик којшто и до сега поседувал оружје треба да оди на лекарски преглед и да докаже дека е здравствено способен, потоа треба да донесе уверение за здравствено деловна способност, треба да донесе уверение за ловечки испит, ако е ловец итн. Сите 160 илјади парчиња оружје треба да се пререгистрираат, граѓаните ќе треба наново да докажат дека не го загрозуваат јавниот ред и мир.“

вели Влатко Пандовски од асоцијацијата за оружје. Инаку од законот за оружје кој го уредува легалното поседување на орузжје не може да се очекува намалување на криминалот бидејќи тој се однесува на граѓанското оружје што може да го поседуваат граѓаните, но не и на воено и на полициско оружје што нелегално го поседуваат голем број лица во државата

„Ние со легално оружје имаме многу мал број кривични дела. Поголем дел се прават со нелегално, нерегистрирано оружје, затоа што оној што има регистрирано оружје многу лесно може да е откриен од полицијата ако го злоупотребува. Законот за оружје го регулира начинот на поседување оружје на граѓаните за лов и спорт, така што и казнените одредби во Законот за оружје се од прекршочна природа, додека друг закон ги гони нелегалното поседување оружје и казните се различни.“

Сепак според Пандовски од асоцојацијата за оружје со новиот закон кој кореспондира со европската регултива се создава основа за регуларен пристап кон оружјето што е наменет за спорт и лов.
XS
SM
MD
LG