Достапни линкови

Предлог закон за амнестија во Собранието, барање за аболиција кај претседателот


Претседателот Бранко Црвенковски го добил барањето на ВМРО-ДПМНЕ за аболиција на лицата осомничени за случајот Раштански Лозја кои над девет месеци се наоѓаат во притвор, информираат од неговиот кабинет.

,,Барањето од ВМРО-ДПМНЕ е пристигнато, а одговорот од претседателот ќе се знае во наредниот период,”

изјави портпаролот Валентин Николовски.

Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека случајот Раштански Лозја е политичка фарса во која се обвинети невини луѓе

,,Вчера го повикавме Црвенковски најскоро да ја потпише аболицијата ценејќи дека на тој начин ќе ја спречиме поларизацијата во македонското општество. Сега се е во негови раце, бидејќи ние како партија сме убедени дека инволвираните во случјот се невини.”

вели портпаролот на оваа партија Александар Бичиклиски. Сеуште отворено останува прашањето дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат предлог законот за амнестија поднесен од пратеничката група на ВМРО-Народна кој е на дневен ред на денешната собраниска седница.
ВД претседателот на оваа партија Весна Јаневска пак не ја исклучува можноста предлог законот за амнестија да биде ставен во мирување поради тоа што не било обезбедена потребната поддршка од останатите пратенички групи.

,,Во однос на законот преговорите со парламентарните партии во еден момент имаа позитивен тек, но во последниве неколку дена тоа се измени и можно е нашите пратеници да не обезбедат доволен број гласови, во тој случај ние ќе го ставиме законот во мирување и ќе чекаме судска разврска, па според тоа како понатаму ќе се одвиваат работите, така и ќе постапиме.”

Цветков, Стојков, Утковски и Кикереков се обвинети за смислено убиство на шесмина Пакистанци и еден Индиец, со цел да се покаже дека и Македонија се бори против тероризмот. За истото дело во Хрватска се води истрага за Љубе Бошковски, тогашен министер за внатрешни работи.
XS
SM
MD
LG