Достапни линкови

Пеколен живот без можност за остварување на било кое човечко право


Пеколен живот, без притоа да се има можност да се помисли на остварување на било кое човеково право, вака Виктор Мизрахи, координатор на еврејската заедница во Македонија го опишува животот на Евреите во Втората светска војна. Не се признавало ништо, ниту првото на работа. Едноставно се превземани сите мерки за подготовка за холокауст, вели Мизрахи и додава:

,,Оспорени им се сите човечки права, дури и правото на работа. Тие не можеле и имотот да го продаваат. Така што припремени се за холкауст. Морам да нагласам дека холкаустот е во процент 98 насто од еврејската популација и тоа е еден од најголемите по процент во Европа.”

Денеска во Македонија живеат само 212 Евреи и тоа е се што е останато од еврејската популација која живее на овие простори. Еврејската заедница во земјава, вели Мизрахи, е верска заедница и тоа благодарение на долговековното живеење овде, како и разбирањето на институциите во Македонија. Се обидуваме и покрај тоа што сме во мал број, да ја зачуваме културата, а со тоа придонесуваме и за развој на мултиетничкото општество во земјава. Притоа додава тој не се соочуваме со проблеми, од македонските институции, освен оние работи што се вообичаени за сите граѓани. За судбината на македонските евреи, Мизрахи вели

,,Од македонските евреи 7200 се одведени во Требинка и веднаш завршиле во гасни комори. Има околу 900,000 убиени Евреи таму. Денеска живеат 212 Евреи во Македонија и тоа е се што останало на овие простори.”
XS
SM
MD
LG