Достапни линкови

Стипе Месиќ повторно избран за претседател


Стипе Месиќ повторно претседател на Хрватска. Тој на вчерашниот втор круг од претседателските избори, како што соопшти Државната изборна комисија, добил шеесет и шест насто од гласовите. Кандидатот на Хрватската демократска заедница Јадранка Косор, според истите прелиминарни резултати, освоила триесет и четири проценти. Изборната комисија прецизира дека тоа го покажуваат преброените гласови од над деведесет и девет насто од избирачките места. Во вториот круг излегоа над пеесет и еден насто од гласачите.

Во изјавата, по објавувањето на прелиминарните резултати, Стипе Месеиќ им се заблагодари на сите кои му го дале својот глас со што, како што рече, му овозможиле по втор пат да го освои петгодишниот мандат. Притоа тој ја изрази својата гордост за зрелоста на хрватската демократија која, според Месиќ, ја препознале и во Европа и во светот. Хрватска со големи чекори оди кон Европа, а остварувањето на оваа цел, како што изјави Месиќ, бара национален консензус.

„Постојат различни партии. Постојат различни мислења. Но, нашите стратегиски цели мора да бидат единствени.“

Против кандитатот Јадранка Косор му честиташе на Месиќ на изборната победа, додавајќи дека сепак е задоволна од освоените гласови:

„Мислам дека овој процент е навистина за респект. Задоволна сум.“

Косор додаде дека е задоволна и поради тоа што нејзината кампања покренала некои прашања и проблеми од важност за националните интереси на Хрватска. Изборната победа на Месиќ телефонски му ја честита и премиерот Иво Санадер кој изрази уверување дека добрата соработка на двете страни ќе продолжи и натаму. Седумдесет годишниот Стипе Месиќ во политиката влезе во шеесетите години од минатиот век. Поради неговото учество во таканаречената хрватска пролет, движење за рамнопровнаст на Хрватска во тогашна Југославија беше осуден на една година затвор. Како член на Хрватската демократска заедница во деведест и правата беше претседател на претседателството на Југославија. Една година потоа е сменет од Ха Де Зе поради тоа што јавно се спротивставил на политиката на таа партија спрема Босна. За претседател на Хрватска е избран во две илјадитата година.
XS
SM
MD
LG