Достапни линкови

Актуелниот претседател Стипе Месиќ и вице премиерката Јадранка Косор во вториот круг


Актуелниот хрватски претседател Стипе Месиќ и кандидатот на ХДЗ - потпретседателката на владата Јадранка Косор како прв и втор влегоа во вториот изборен круг на претседателските избори кој ќе биде одржан на 16 јануари. Месиќ со вчера освоените 49,03 насто за влакно не стана претседател уште во првиот круг. Одзивот е 51 насто, а најголемо изненадување преставуваше високиот рејтинг на Борис Микшиќ американски бизнисмен од хрватско потекло кој освои 17, 8 насто од гласовите.

Државната изборна Комисија нешто по полноќ ги објави првите не официјални резултати, според кои, на првиот круг од претседателските избори во Хрватска нема победник. Актуелниот претседател 70 годишниот Стипе Месиќ освои 49, 03 насто, а неговиот главен ривал од владеачката ХДЗ освои 20,18 проценти од само 51 насто излезени бирачи. Ова како и освоените речиси 18 проценти на американскиот бизнисмен од хрватско потекло Борис Микшиќ се смета како показател за незадоволство на граѓаните на Хрватска од политиката на земјата. Претседателот Стипе Месиќ во својата изјава по објавувањето на неофицијалните резултати изјави.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите кои ми го дадоа гласот. Тоа значи дека тие препознале дека Хрватска се движи во вистинска насока и дека сме ние посветени да ги оствариме стандардите на развиениот свет. За тоа се залагаме.“

Вице премиерката Јадранка Косор пак изјави дека овие избори покажале дека Хрватска е демократски зрела за да има жена за претседател.

„Јас тоа го очекував и првата цел е остварена, а таа е влез во вториот изборен круг.“

Таа го повика претседателот Стипе Месиќ на остра, чесна и демократска борба во вториот круг на 16 јануари и изрази очекување дека Месиќ до тогаш ке објави што тој како претседател направил во првиот мандат. И двајцата кандидати Месиќ и Косор се залагаат за влез на Хрватска во Европската Унија и Нато. Хрвасткиот претседател има надлежности во надворешната политика, одбраната и разузнавањето. Во Хрватска и дијаспората право на глас имаа 4, 4 милиони граѓани.
XS
SM
MD
LG