Достапни линкови

Годината започна и заврши со природни катастрофи


Драматични и историски настани ја одбележаа две илјади и четвртата година. Терористичките напади во Мадрид и во Беслан, проширувањето на Европската Унија, војната во Ирак, претседателските избори во Украина беа само дел од насловните вести. Во наредниве минути хронолшки и со звук ве потсетуваме на нив.

Две илјади и четврта започна со она со што замина нејзината претходничка, две илјади и третата година: со големиот земјотрес во Иран во кој загинаа над дваесет и пет илјади луѓе. Потресот се случи на дваесет и шестти декември го уништи историскиот град Бам, но потрагата по жртвите и грижата за преживеаните се случуваа во текот на јануари годинава.

„Повеќето од луѓето доаѓаат со болки во стомакот, главата и рамењата и плачат и плачат. Немаат што да јадат и се дехидрирани. Останаа без своите домови.“

Изјави тогаш еден американски доктор во монтажната болница во близина на Бам. Од друга страна, во првата половина на јануари еден американски вселенски брод слета на Марс за прв пат по илјада деветстотини деведесет и седмата година. Администраторот на НАСА Шон о Кифи прославуваше:

„Ова е голема ноќ за НАСА. Се вративме. Многу сум горд на овој тим затоа што повторно сме на Марс.“

Во февруари, македонскиот претседател Борис Трајковски загина во авионска несреќа. Владиниот авион се урна во Босна. Претставникот на босанското министрество за внатрешни работи Вејзагиќ соопшти:

„За жал, ги потврдуваме вестите дека авионот во кој беше македонската делегација на меѓународната конференција во Мостар, се урна. Тимовите на СФОР ги пронајдоа остатоците на авионот и потврдија дека нема преживеани.“

Во почетокот на март во Мадрид, во експлозии на неколку бомби подметнати во возови загинаа околу двесте луѓе, додека над ве илјади беа повредени. Шпанскиот премиер Хозе Марија Азнар веднаш по нападите изјави:

„Ова е масовно убиство кое како и другите терористички напади, нема оправдување. Тероризмот е слеп. Убиени се многу луѓе само затоа што се шпанци.“

За нападите беа обвинети исламските милитанти поврзани со Ал Каида. На први мај Европската Унија се прошири со уште десет нови членки.

Ирскиот премиер Берти Ахерн на церемонијата во Даблин рече:

„Денеска е ден на добредојде за десетте нови членки во нашата Европска Унија. Ги пречекуваме со гордост и со надеж.“

Кон крајот на јуни, Соединетите Држави официјално му го вратија сувернитетот на Ирак. Изјавата за тоа ја прочита поранешниот американски администратор во Багдад Пол Бремер

„Вие ирачаните сега мора да ја преземете одговорноста за вашата иднина. Вие можете да ја креирате ако сте против оние кои ги убиваат вашите полицајци и војници, вашите жени и деца.“

Во средината на август повеќе од десет илјади спортисти од двесте и две земји се собраа на Олимписките Игри во Атина.

Многумина стархуваа дека Грција не е доволно подготвена за овој светски настан, но на крајот се покажа токму спротивното. На први септември чеченски милитанти во едно училиште во рускиот град Беслан земаа во заложништво над илјада деца, нивните родители и учители. По тридневната драма во училиштетото се слушнаа експлозии и престрелки

Официјално во престрелките загинаа над триста лица, од кои половината беа деца. Во врска со овој настан претседателот Владимир Путин оцени:

„Ова не е предизвик за претседателот, парламентот или владата. Ова е предизвик за цела Русија. Ова е напад врз нашата земја.“

Во септември, светската јавност беше свртена и кон хуманитарната катастрофа во суданскиот западен регион Дарфур. Таму според Обединетите Нации провладините арапски милитанти убиле скоро пеесет илјади луѓе, додека милион други принудиле да ги напуштат домовите. Американскиот државен секретар Колин Пауел ова го оцени како геноцид.

„Кога ги прегледавме доказите од нашите тимови заклучивме дека станува збор за геноцид и оти суданската влада ја сноси одговорноста за тоа.“

Во почетокот на октомври во Авганистан беа одржани првите демократски претседателски избори на кој победи тогашниот привремен претседател Хамид Карзаи кој рече:

„Авганистанскиот народ гласаше и со тоа покажа дека е поразен тероризмот и сите оние што не сакаат мир во земјата.“

На втори ноември и Америка излезе на претседателски избори на кои повторно победи Џорџ Буш:

„Новиот мандат е нова можност за целата нација. Имаме една земја и еден устав. И кога работиме заедно не постојат граници за големината на Америка.“

На единаесетти ноември на седумдесет и пет годишна возраст почина палестинскиот лидер Јасер Арафат. Претходно тој две недели беше на третман во една болница во близина на Париз.

„Господин Јасер Арафат, претседател на палестинскита власт, почина во Воената болница Перси во Кламар.“

При крајот на истиот месец во Украина беше одржан вториот круг од претседателските избори кој поради низата неправилности предизвикаа протести на опозицијата предводена од нивниот кандидат Виктор Јушченко. Протестите доведоа до одлуката за повторување на изборите

„Денеска сакам да им дадам голем аплауз на судиите на Врховниот суд. Тие се денешни вистински херои.“

изјави Јушченко. Две недели потоа австриските доктори соопштија дека Јушченко бил труен со диоксин во текот на септември.

На повторените избори победи Јушченко. Но, 2004-тата замина со иста трагедија, со која замина и претходната и што е начудно, на ист ден, 26 декември. Силен земјотрес на дното во близина на брегот на Суматра. Деветте степени од Рихтеровата скала предизвикаа големи бранови цунами кои однесоа десетици илјади животи и предизвикаа вистинска пустош во седум земји на Индиско Море.

„Бранот дојде и се беше однесено. Беше само еден не многу висок бран, и тоа зачудува.“

изјави еден од жителите на Коломбо, главниот град на Шри Ланка. Инаку, силата на земјотресот, се споредува со силата на милион атомски бомби што беа фрлени врз Јапонија за време на втората светска војна и според некои експерти би можело да има влијание и врз ротацијата на Планетва. Целата планета вибрира, а ова е уште еден доказ колку луѓето се немоќни пред нејзините сили.
XS
SM
MD
LG