Достапни линкови

„Портокаловата револуција“ потсетува на оние во Србија и Грузија


Има нешто познато во Портокаловата револуција во Украина. Стотици илјади демонстранти решени да истрајат во барањето на демократски вредности со денови на улица подсетуваат на револуцијата која го урна владеењето на Едвард Шеварнадзе во грузија или Слободан Милошевиќ двеилјадитата. Всушност Москва отворено го постави прашањето дали моделот на грузиската револуција на рози или на српскиот отпор за кој и официјално се знае дека е финансирана од Вашингтон практично се повторува и во Киев.

Учесниците во Украинската портокалова револуција велат дека не е случајно што таа подсетува на револуциите во Србија или Грузија.
Мирните протести на движењето ОТПОР со кои се урна режимот на Милошевиќ имаа огромно влијание на регионот.
Тие имено на опозицијата вo поранешните советски држави им покажаа дека е можно мирно уривање на нивните влади. Воедно на Западните земји им покажаа дека со финансиска помош невладините организации практично можат да и помогнат на опозицијата во остварување на целта.

Искуството на белград го инспирираше ја белоруската опозиција не таа не успеа да добие власт двеилјади и првата, но затоа Грузија успешно го исползува моделот двеилјади и третата.

Сепак советите и финансиската помош се едн о, а успешна мирна револуција друго. Активистот на ОТПОР Александар Марич кој неколку пати бил во Украина пред изборите вели

„Ако граѓанинот на една земја не е заинтересиран за промени, ако не сака смена на власта на мирен, демократски и легален начин, никој не може да ја увезе револуцијата од странство“

Успешна револуција подразбира воља и енергија на локалното население кое не може ниту да се натера со сила ниту да се поткупи за со денови да биде на улица.
Марич и други членови на српскиот Отпор во последните две години ги советуваа младите украинци кои сакаа да создадат движење што ќе има успех на изборите. Тие не им ставија револуционерни идеи во глава, но има помогнаа со организациони совети, вели Марович

„Ги трениравме како да се организираат, како да создадат бренд, лого, симболи и клучни пораки. Ги обучивме како да ја идентификуваат клучните слабости на општеството кои се најголеми проблеми на луѓето што би бил мотивирачки фактор за нив да излезат на избори и на тој начин да ја одредат својата иднина“

Тактиката на Отпор која не се препознаваше само на демонстрациите во Киев туку и претходно во Минск и Тбилиси подразбира масовни мирни протести, со хумор и иронија, препознатливо лого и јасни барања.

Украинската опозиција имаше истовремено помош и од грузиското движење КМАРА. Нејзините членови ги отфрлаат наводите дека револуцијата на рози во Грузија е увезена однадвор.
Но што се однесува на српското движење и официјално е потврдено дека американската администрација потроши 41 милион долари за организирање и подршка на напорите за уривање на Милошевиќ. Стејт департментот неодамна објави дека во последните две години потрошил 65 милиони долари за слични напори во Украина.
Но во револуциите има повеќе одколку само пари. Она што е решавачко и без што не се може се идеите, промена на свеста, начинот на кој се реагира на политичката реалност вели американскиот политиколог Џин Шарп

„Тоа е суштинска концептуална промена, од мислењето дека владата е најмоќна и може да прави што сака до сваќањето дека таа всушност зависи од изворите на моќта и без нив е ранлива.“

Шарп ги отфрла теориите за западен заговор во случувањата во Киев, но критиките на Москва се директно формулирани на тој начин. Имено рускиот председател Путин го обвини запад дека се меша во внатрешните работи на Украина.

Експертот за Украина на Универзитетот Џорџ Вашингтон Тарас Кузио тврди дека ако некој се мешал во настаните во Украина тоа е многу повеќе Русија отколку Америка

„Сите фондови што ги насочија Соединетите Држави за невладините организации се јавни. Ништо тајно не е направено, објавено е точно каде и колку пари се насочени. Но ако ја земете кампањата на Виктор Јанукович кој ја има руската подршка ќе видите дека нема начин ниту да се направи проценка колку пари во неа се вложени. Оние што се обидеа да проценат велат дека станува збор за 600 милиони долари, а половина од тие пари доаѓаат од руската компанија Гаспром.“

Рускиот амбасадор во Украина е Виктор Черномирдин кој претходно беше на челото на Гаспром. Путин за време на кампањата два пати ја посети Украина и отворено го подржа Јанукович, додава Кузио.
XS
SM
MD
LG