Достапни линкови

Експертите со поделени мислења


Случајот Кондово, во кој вооружената група, се криеше ,,зад превезот“ на барањата за аменестија, во јавноста повторно го отвори ова прашање. Независно од ова, актуелизирањето на амнестијата, пристигна и од дел од макекедонските политички парии, и институции, како она на ВМРО-Народна или пак Декларацијата на македонскиот ПЕН центар, иницијативи во чиј фокус е барањето за помилување на екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски и останатите македонски бранители за кои во тек е судска постапка.
Македонските и албанските експерти се со поделени мислења околу евентуалното повторно отварање на ова прашање. „Неприфатливо е размислување на оваа тема,“ дециден е професорот од Правниот факулет Владо Поповски кој коментијрајќи ги барањата за аменстија и во двата случаи објаснува:

„Размислувањата пост фестум во оваа ситуација, прво создадена со Кондово, а потоа со размислувањата на ВМРО – Народна, по мое мислење не држат затоа што до сега нема аргументација на ниту една страна дека со амнестијата лица коишто имаат направено исти дела во исто време.“

Наспроти Поповски, професорот на Правниот факултет на Тетовскиот универзитет, Осман Кадриу е на размислување дека непрецизната временска рамка во сегашниот, ја наложува потребата за донесување на нов закон. За него, неодманешната ситуација во Кондово, претставува само рефлексија на случувањата од 2001 та година, па во таа смисла и барањата за нова амнестија се однесуваат на тој период.

„Нема и не постои Кинески ѕид помегу сегашните постапки и дејствија за кои се смета дека има елементи за кривично правна одговорност и оние постапки кои се опфатени со Законот за амнестија, а кои се ограничуваат за конкретен период. Од тие причини мислам дека треба да се преиспита евенталната можност за донесување нов закон,“

вели Кадриу.

Доколку потворно се отвори ова прашање, ќе стартува процес на еден магичен круг, во кој барањата би немале крај, предупредува професорот Поповски.

„Доколку се оди на таа варијанта тогаш мислам дека ќе нема крај на целиот процес на барања за амнестија, бидејќи може да се јави ново Кондово и да каже дека не е добар и тој закон, па да бара закон за пост амнестија итн.“
XS
SM
MD
LG