Достапни линкови

Напори за здружување на опозицијата


Во принип ниту една политичка партија не ја исклучува можноста од коалицирање со друга на престојните локални избори кој треба да се одржат на почетокот на март наредната година. ЛП на Стојан Андов беше првата партија која објави дека ја продолжува колицијата со ВМРО ДПМНЕ и на локалните избори, и од таму не ја исклучуваат можноста на ова коалиција да се придружат и останати опозицики партии.

,,Постои желба да се придружат и други опозициони партии. За сега, ЛП и ВМРО –ДПМНЕ претставуваат најкрупна групација и околу неа треба да се здружат и другите,”

вели Стојан Андов. Во преговори со ВМРО-ДПМНЕ за коалицирање на локалните избори е коалицијата ,,Третиот Пат”:

,,Коалицијата третиот пат веќе е проширена со уште две политички партии. Деновиве работиме интензивно на усогласување на сите отворени прашања со ВМРО-ДПМНЕ и мислам дека само со заеднички настап на опозицијата може да се победи СДСМ на претстојните локални избори.”

Вели еден од лидерите на Третиот Пат Павле Трајанов. Дека само со здружување на опозициските сили може да се победи владеачката СДСМ на престојните локални избори смета и Доста Димовска претседател на Демократка Републиканска Унија на Македонија која во однос на проценките дали ќе успеа здружената опозиција со резерва

,,Многу суети и многу лични моменти се внесени во меѓупартиските односи. Така што за жал односите во опозиционите партии се жртва на личните релации на одредени лидери, тука пред се мислам на тие со предзнакот ВМРО, така што тешко ќе дојде до некоја поцрвста опозиција, ние ќе работиме на тоа да се постигне здружување.”

Во Албанскиот политички блок засега не ништо исклучено. Во ПДП велат дека се отворени за соработка:

,,ПДП беше и ќе биде отворена за соработка со сите политички партии кои ќе го почитуваат политичкиот потенцијал на ПДП и ќе имаат намера сериозно да соработуваат,”

Изјави портпаролот Кенан Алиу. Во ДУИ велат дека се уште е рано за да се обзанани некаква коалиција со дрга албанска политичка партија на престојните локални избори. Коалицирањето со други партии на локалните избори не го изклучуваат ниту во ДПА.

Што се однесува пак до владеачката СДСМ познато е дека останува коалицијата ,,За Македонија Заедно” на која ќе и се приклучат уште две нови политички сили Вмро Македонска и втората која засега останува енигма.
XS
SM
MD
LG