Достапни линкови

Енигма само местото министер за транспорт и врски


Се до предавањето на листата со имињата на новите министри до Собранието непознато останува дали Агрон Буџаки и натаму ќе го води ресорот Транспорт и Врски. Партиското претседателство на ДУИ синоќа повторно ја искажа подршката за Буџаку

„Сите претставници од претседателството дадоа поддршка на кандидатот Агрон Буџаку да биде член на владата во ресорот којшто е предложен, дека обвинувањата против него се неосновани.“

Ваквата опоција не ја исклучува и мандатарт Владо Бучковски кој не ја отфрла и можноста местото Транспорт и Врски да остане празано а со неа да раководи некој од вицепремиерите.

„Има три опции. Едната опција е да биде местото празно, што искрено речено не преферирам да биде. Второто е ДУИ да понуди ново решение, трето е Буџаку да остане каде што е.“

изјави Бучковски. Поделбата и имињата на министрите кој ќе застанат во останатите владини ресори се познати. За ЛДП резервирани се Одбрана, Труд и Соцјална Политика, Животна Средина и едно министерство без ресер. Кадри на ДУИ ќе застанат во министерствата за Образование, Локална Самоуправа, Економија , Земјоделие, и Транспорт и Врски. за оваа партија исто така резервирано е едно вицепремиерско место. Со Останатите ресори во новиот владин кабинет МВР, Финансии, Правда, Здравство, МНР, Култура и едном вицепремиерско место ќе раководат кадри на СДСМ.

Доколку се остварат најавите дека денес ќе биде доставен списокот со имињата на новиот владин кабинет до Собранието. Седницата на Парламентот на која треба да се гласа за новата влада би се одржала наредната среда.
XS
SM
MD
LG