Достапни линкови

Опозицијата славеше, САД и ЕУ ја поздравија одлуката


Украинската опозиција синоќа славеше во Киев по одлуката на Врховниот суд да го поништи вториот круг избори и да го презакаже за 26 декември. Европската Унија и Соединетите Држави ја поздравија одлуката на Врховниот Суд.

Врховниот суд на Украина по повеќедневна расправа ги уважи жалбите на опозицијата за изборен фалсификат на вториот круг претседателски избори но не го прифати барањето на опозициониот кандидат за претседател Виктор Јушченко да бидат признати резултатите од првиот круг во кој тој однесе тесна победа. Вториот круг ке се повтори на 26 декември. Виктор Јушченко пред своите следбеници кои славеа во Киев изјави.

„Денеска сакам специјално да ги поздравам судиите на Уставниот Суд. тие се вистинските херои денеска.“

Јушченко побара да биде распуштена Централната изборна Комисја која претходно го прогласи премиерот Викотор Јануковиќ за претседател. Одлуката да биде поништен вториот круг на претседателските избори беше поздравена од Европската Унија и Соединетите Држави. Холандскиот премиер Јан Петер Белкененде ијзави дека е тоа благо решение за политичката криза во Украина. Портпаролот на Американскиот Стејт департмент Ричард Баучер пак порача.

„Тоа што сега е важно е работите да се движат брзо напред, според одлуката на Врховниот Суд, односно да се обезбеди дека новото гласање ке биде фер и слободно и дека резултатот ке ја рефлектира вољата на украинскиот народ.“

Претседателот на Полска Александар Квашњевски кој беше во улога на медијатор изјави дека ја дели радоста на Украинскиот народ. Виктор Јушченко кандидат на опозицијата ја ужива подршката пред се во западниот дел на Украина и се смета за про западен реформист, додека премиерот Виктор Јануковиќ е за потесни врски со Русија и подршката ја ужива во руското говорно подрачје во источна Украина. Лидерот на опозицијата Јушченко во четврокот порача дека треба се гледа во иднината, дека Украина треба да има добри односи со сите соседи, дека сите имаат право да зборуваат на својот јазик, односно на јазик на кој светот ке ги разбере.
XS
SM
MD
LG