Достапни линкови

Низок степен на искористеност за капитални расходи


Некоориднираноста меѓу министерствата и ривалството на одделни министери во сите досегашни владата се главната причина за нискиот степен на искористеност на капитаните расходи, болка карактеристична за Македонија од нејзиното осамостојување.

Поради неможноста овие средства навремено да бидат искористени за предвидената намена со неодамна усвоениот ребаланс на буџетот за оваа година, ставката за капитални инвестиции е намалена за 600 милиони денари и овие средства се пренаменети за други потреби. Капиталните трансвери се намалени за 27 милиони денари.

„Тоа оеобено е изразено кога министрите се од различни партии во различни коалициони влади. Ако, треба да се реализира некој проект со координација на министерството за транспорт, економија и финансии често доаѓа до ривалство, што често резултира со одложување на проектот или воопшто незапочнување со неговата изведба,“

е ставот на Трајко Славевски професор на Економскиот факултет.
Со оглед на фактот што најголем процент од капиталните инвестиции се наменети за инвестирање во развојни проекти пред се од областа на инфраструктурата, поради спорото функционирање на катастарската управа и инертниот судски систем голем дел од проектите неможат да се реализират, а со тоа и предвидените средства за таа намена остануваат неискористени:

„Земете ја на пример Катастарската управа, колку време беше потребно, неколку години беа потребни да се разрешат имотно правни прашања околу обележувањето на трасата на обиколницата околу Скопје.“

Според министерството за финасии главната причина за спорото трошење на предвидените средства за капитални расходи лежи во иземните на законот за јавни набавки, чии услови се многу поригорозни во поглед на начинот на трошење на средствата, аргумент не прифатлив на Славевски:

„Ваквото брзоплето трошење на средствата може да влијае негативно, наместо позитивно затоа што во краен случај или влијае каматната стапка да не се намалува или пак ја зголемува каматната стапка којашто е цена на капиталот. Негативно влијае приватниот сектор да може да ги реализира своите проекти.

Кај северниот сосед, во Србија и Црна Гора постои посебно министерство за капитални инвестиции чија цел е да ги координира прокетите и навременото тошење на предвидените средства од буџетот за таа намена.
XS
SM
MD
LG