Достапни линкови

Постои држава Македонија, што ние решивме да ја нарекуваме со името што тие си го одбраа


Вашингтон згазна во една од најдолгите европски дипломатски кризи, само дваесет и четири часа по резултатите од американските избори, признавајќи ја Поранешната Југословенска Република Македонија со нејзиното име. Ова се наведува во денешниот весник Индпендент во кој се додава: Првиот голем политички чекор откако претседателот Буш доби втор мандат беше направен без да се консултира Европската Унија и предизвика силно противење од сојзникот во НАТО, Грција. Се до вчера нејзините партнери во Алијансата и во Европската Унија едногласно ја поддржуваа позицијата на Атина во врска со ова прашање. Одлуката за признавање на името, беше главна тема на редовната прес конференција на портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер. Меѓу многубројните прашања имаше и вакво:

„Уште едно господине Баучер. Како го објаснувате фактот што американската влада целосно ја игнорира политиката изразена од поранешниот државен секретар Стетиниус. Тој во декември илјада деветстотини четириесет и четвртата прв ни го отвори очите дека Македонија имала агресивна намера против територијалниот интегритет на Грција.“

На ова Баучер со одговор:

„Имаше накои промени во Европа во последниве шеесет години. Постои нација позната како Македонија која ние решивме да ја викаме со името што тие си го одбраа за нив, Република Македонија. И вам вие познато како и на мене дека оваа држава, овие лидери, оваа влада многу, многу пати повторуваа дека тие немаат територијални аспирации. Нивната употреба на името Македонија нема никакви импликации спрема никој од соседите или соседните територии и народи. Тоа е и политиката на Соедините Држави и не гледаме дека она што се дискутирало пред шеесет години може на некаков начин да играат улога во нашата денечна одлука.“

изјави, меѓу другото, портпаролот на Стејт департментот Ричард Баучер на брифингот во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG