Достапни линкови

Најавените протести само фарса, не не почитува ниту власта, ниту народот


Владата очигледно не не сфаќа сериозно, авторитетот на Сојузот на синдикатите на Македонија е тотално урнат. Не не почитува ниту власта ниту народот, вели Пеце Ристевски, претседател на синдикатот на индустријата металургијата и енергетиката. Вчерашната средба меѓу премиерот и синдикотот го потврдува токму тој факт:

„Не почетокот дојдоа, ни одржаа лекција дека за ништо немаме право, потоа требаше по еден шамар зошто ни одземате од времето, многу работа имам, а на крајот да се прекрстиме и тоа групно, да не знаеш кој е власт кој синдикат, тоа е искрениот одговор.“

објаснува Ристевски кој како што вели за цело време на одржувањето на средбата единствено тој се обидел да ја наруши концертната атмосфера која владеела во преговорите меѓу двата социјални партнери.

„Им ја нарушив таа атмосфера со директно противење на Хари и на Манасиевски за заостанатите придонеси, за нефункционирање на институции на државата, владата итн. Единствено со мене имаше судир, во смисла на аргументација на тоа што го бараме.“

Премиерот не ги сфатил сериозно ниту предупредувањата дека доколку не се прифатат клучните барања на ССМ тие се подготвени да организираат масовни протести:

„Немојте да се откажувате од протестот и ние ќе излеземе со вас.“

ССМ повеќе не е способен да организира сериозни протести. Тоа се виде и од вчерашниот начин на водење на преговорите со владата, па оттаму најавите за протести за почетокот на ноември се само обична фарска на првиот човек на ССМ тврдат претседателите на двата најголеми гранкови синдикати во ССМ.

„Ма нема теорија како ќе има протести кога членовите негови од УПОС не дојдоа на состанокот, членовите од приватните ли синдикати ќе прават протести? Тој очекува СОНК да му прави протести.“

„Според тоа како беше вчера средбата не треба да има ниту една причина за протест. А, ако реално гледаш има многу причини.“

И додека едните, односно ССМ, се трудат да го наметнат својот авторитет, а другите не ги сваќа сериозно, на теренот вработените се соочуваат со сериозни проблеми оние што работат земаат плата со која едвбај крпат крај со крај, дел од нив работат, но не ги добиваат редовно своите месечни примања, а има и нешто помалку од 400 илјади работно способни, кои воопшто не работат.
XS
SM
MD
LG