Достапни линкови

Годишни загуби од 400 милијарди долари


Поткупливоста во јавниот сектор резултира со годишни загуби од најмалку 400 милијарди долари ширум светот. Овој резулат е добиен од истражувањето на Транспаренси Интернешенел, базирано на локални бизнисмени, аналитичари и официјални личности. Според Транспаренси Интернешенел, во коупцијата предводат земјите богати со нафта и државите од Централна Азија и Источна и Централна Европа.

Индексот се состоји во перцепцијата за корумпираноста на политичарите и официјалните лица во јавниот сектор. Судејки според резулатите сликата не е убава. Во индексот од 1 – најниска оценка до 10 највисока, 60 држави се под три поени. Миклош Маршал регионален директор за Европа и Централна Азија.

„Се плашам да речам дека нема добри вести за Централна Азија. Резулататите се многу ниски како и во минатото. Тие се на дното. Азербејџан е на 140 место заедно со Таџикистан и Туркменистан. Што е уште полошо трендот е надолен. Узбекистан лани имаше 2,4 а годинава 2,3. Или ако го погледнеме Казахстан, клучна земја со нафта, лани имаше 2,4 а годинава 2,2.“

Блиску до дното се и Молдова со 2,3 и Украина со 2,2 И грузија со 2.0 индексни поени. Регионалниот директор на Транспаренси Интернешенел Миклош Маршал вели дека Русија и Таџикистан имаат годинава мал напредок. Русија од 2,7 на 2,8 и Таџикистан од 1,8 на 2.0. Главна мета на корупцијата е јавниот сектор, а во државите богати со нафта поткупливоста е опасен проблем. Тоа е така бидејки, според Џереми Карвер од Транспаренси во Лондон, нафтениот сектор нуди перфектни услови за корупција.

„Нафтениот сектор е таков што пристапот зависи од еден извор, во повеќето случаји контролиран од државата што пак е идеално за корупција посебно онаму каде што има многу малку демократски правила.“

Токму затоа, оваа организација ги повикува нафтените компании да објават што им плаќаат на владите со цел да се промовираат одговорно. Оваа кампања се одвива неколку години и засега е подржана од претежно европските нафтени компании. Но Маршал вели дека прогресот е многу бавен.
XS
SM
MD
LG