Достапни линкови

Нов аранжман ќе има само ако владата спроведе сериозни реформи


Аранжман со Меѓународниот монетарен фонд ќе има само доколку македонската влада презеде обврска да спроведе сериозни реформи им порача на македонската влада директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија Франек Розавадовски.


„Главна тема сега за Макеоднија се структурните реформи. Сега е време за владата да се фокусира на овој проблем. Главните заблешеки на минататата програма што ја имавме беа макроекономските и фискалните достигнувања. И како што знаете оваа програма успешно се имплементираше и доведе до целосно исполнување на стенд-бај аранжманот. Оваа последна програма воспостави добра траса, што е основа за старт на преговорите за нова аранжман.“

вели Розвадовски. Креирањето на буџетот за 2005 година како и стегањето на ременот на расходната страна во државната каса исто така ќе бидат тема на оваа рунда на преговори која е планирано да трае не пократко од десетина дена.

„Она што ќе го договориме ќе биде фискалната и буџетска политика за 2005 со некои импликации кои ќе бидат и подолгорочни 2006 и 2007 заради приодот кон работите.“

вели министерот за финансии Никола Поповски. Техничката мисија на ММФ која неколку дена претстојува во Макеоднија веќе ги отворила картите, односно ги посочила дилемите и тешкотиите со кои ќе се судрат македонските преговарачи .

„Гледајќи напред тоа што треба да се направи е да се воспостави основа за раст на Македонија, кој во последните пет до десет години е разочарувачки . Затоа ова е критичната фаза во која треба да се спроведат структурните реформи. И она што е најбитно во овој момент, да се најде начин за привлекување на странските и домашни инвеститори,“

вели директорот на ММФ за Макеоднија Франек Розвадовски. На саботната седница владата ја усвои стратегијата со која македонскиот преговарачки тим ќе настапи во преговорите со Меѓународниот монетарен фонд. Тоа што со сигурност се знае, е дека за евентуално слкучување на нов аранжман со оваа меѓународна финансиска институција ќе бидат потребни уште една рунда на преговои, која ќе следи кон крајот на оваа година.
XS
SM
MD
LG