Достапни линкови

Убиени двајца македонски заложници во Ирак


Терористичката групација Исламска армија на Ирак, објави денеска дека изврштила егзекуција на двајца Македонци, обвинети, за како што се вели, шпиунажа во полза на американските сили, јави попладнево катарската телевизија Ал Џезаира, која добила видео запис на кој била прикажана егзекуцијата на мажите, придржуен со соопштение на оваа терористичка организација. Егзекуцијата не е емитувана, туку само дел од видео пораката, на која се прикажани двајцата мажи, како зборуваат пред камерата, како и краток сегмент на кој се гледаат нивните пасоши. Нивното обраќање според агенциите не можело да се слушне, а телевизијата не ги соопшти имињата на убиените. Сеуште нема потврда дали станува збор за нови киднапирани Македонци, или пак за двајца од тројцата исчезнати кумановчани, Драган Марковиќ, Далибор Лазаревски и ЗОран Насковски, кои од 23 август се водат за исчезнати во Ирак. Во македонското МНР, се проведува веродостојноста на веста за убистовото на двајцата македонски државјани во Ирак, изјави за Радио Слободна Европа портпаролот Душко Узуновски:

„Добиената агенциска вест се проверува. Министерот Митрева, има договорено, односно се очекува да оствари разговор со ирачкиот министер за надворешни работи. Истовремено, заседава координативниот тим којшто го води заменик – министерот за надворешни работи Фуад Хасановиќ, пришто се бара од безбедносните структури во системот на државата да ја проверат оваа информација. МНР презема и свои активности во делот на контактот со амбасадата на Ирак во Софија, како и со други дипломатски претставници кои се претставени во Багдад, за да може да ја провериме информацијата.“
XS
SM
MD
LG