Достапни линкови

Грабежите во Македонија стануваат се поголем проблем


Речиси не постои граѓанин на Скопје кој иако самиот не бил жртва на разбојници не познава искуство на некој од неговите сограѓани од најблиско опкрижување

„Баш скоро, влегоа во соседството и ја опљачкаа жената сама, претпоставуваа дека синот и пратил некој денар од странство. Ја измалтретираа, фактички животот и го упропастија, а не најдоа ништо.“

Примерите како овие за луѓето во Скопје станаа дел од нивното секојдневие. Според податоците на МВР во првите девет месеци од годинава во државава се извршени над 500 разбојништва. Против 58 лица се поднесени кривични пријави. Потртпаролот Горан Павловски потврдува:

„Најголем број од овие разбојништва се извшрени на подрачјето на Скопје.“

Секоја година во изминатата деценија во просек полицијата пријавува околу 12 илјади граѓани кои сториле некое кривично дело. Обвинителството покренува обвиненија против 11 илјади лица. Во минатата година беа осудени над седум илјади лица од кои три илјади за кражби. Таквиот биланс кај луѓето создава психологија дека нивниот живот односно имотот што го поседуваат не е безбеден:

„Напаѓаат и постари и помлади. Имаме разбојништва по банки, пошти, се, живееме во едно нестабилно време.“
„Нешто фали.“
„Мислам дека тоа е последица на невработеноста.“


Укажувањата на граѓаните дека разбојништвото е последица на наталожените проблеми во социјално економскиот живот го потврдуваат статистиките:

„Во последно време во пораст е и малолетничката деликвенција.“
XS
SM
MD
LG