Достапни линкови

Безредие во македонските институции


Нервозно, напнато, турканици, маткање од еден на друг оддел, ова е секојдневие за македонските граѓани во било која јавна институција во државава. Генерално на листата на институции во кои безредието и хаосот е веќе вообичаена слика е здравството. Преполн тесен ходник и редици чекање утринава беше слика во Железничката амбуланта во Скопје. Настрана од и онака несредените состојби во овој сектор, неодговорноста на државните органи, кои заради изградбата на новиот трговски центар Рамстор ја преместија амбулантата во импровизирани простории, дополнително ја отежнува работата и за вработените и за пациентите. Со носталгија за стариот простор пациентите реагираат:

„Не чини овој, додека се качиш, немаш душа. 20 години сум тука, сега ќе бегам.“
„И самите здрави луѓе не може да се искачат горе. Јас не знам, што убава амбуланта имавме таму, за мерак.“
„Услови за амбуланта баш нема, за помлади и така и така, ама за хронично болни, да се искачат до четврти спрат, богами не е баш лесно, овдека условите несоодвествуваат.“


Немаме забелешки на работата на докторите во оваа амбуланта, но генерално состојбата во здравството е навистина иритирачка, продолжуваат тие.

„Тежок проблем, посебно за нас болмните, старите.“
„Не ми се допаѓа и што влегуваат преку ред не чини, чекам скоро два часа.“


И кога станува збор за сликата на јавните институции во земјава речиси истата ситуација на само чекор подалеку од амбулантата. Во истата зграда функционира и одделението за лични документи на Министерството за внатрешни работи. Нељубезноста на шалтерските работници, е она на што највеќе реагираат македонксите граѓани:

„Не се ефикасни, вчера бев, денеска пак, не се заинтересирани, пијат кафе, викаат до сега работевме, сега да се одмориме, јас исто работам и не правам пауза.“
„Катастар го ставам како прво, суд и општините. Со месеци се влечат за документ, мислам дека нервно се разболев од административните проблеми.“


Колку за потсетување еден од условите за влез во Европското семејство на што со забрзано темпо работи македонската Влада, подразбира, ефикасна администрација и ефикасни институции.
XS
SM
MD
LG