Достапни линкови

Пораките на меѓународната заедница за референдумот контрапродуктивни


Резултатите на првата сондажа на јавното мислење за рефередумот пред почетокот на официјалната кампања Што ја спроведе Инситутот за демократија, солидарност и цивилно опШтество покажуваат дека одзивот на граѓаните Ќе биде поголем од потребната половина на регистрирани гласачи, со Што ќе се задоволи законски предвидениот цензус, кометира професор ѓорЃи Иванов откако анкетата покажа дека 62, 2 насто од испитаниците се изјасниле дека Ќе излезат на гласање на седми ноември


„Ова истражување е правено пред кампањата – и на опозицијата, и на власта, што значи дека кампањата дополнително ќе влијае врз тие што не знаат, а тие се 12,5 отсто. Така што процентот на тие што ќе излезат може да се зголеми“.

Со други зборови во конеткст на рефередумот не може да се говори за изборна апстиненција како што тоа беше случај со председателските избори, оценува Иванов. Со ова се согласува и професор Фдерид МухиЌ. Тој вели


„Има основа да се претпостави дека граѓаните се чувствуваат должми да излезат на референдумот. Тоа го потврди и собирањето на доволен број потписи, иако собрани во последен час“

Еден од резултатите на истражувањето е И податокот за 51 насто од испитаниците одговориле дека успеШниот рефередум нема да влијае на наШите односи со Европа и Нато. Ова во услови на моШне јасни пораки на меѓународната заедница го поставува прашањето дали тие се неуспеШно формулирани или недоволно разбрани. Според Иванов ваквиот одгвоор е резултат токму на спротивното


„Кога се зазема страна, тоа има контраефект. Односно, може да се каже дека кај населението има иритираност од таквите пораки“

Меѓународната позиција не е непозната коментира Мухиќ, а резултатот на истраувањето покажува став на граѓаните


„Дека граѓаните се сите од постојани ветувања и од постојани нови и нови услови и барања, со постојано заканување со доближување и оддалечување и сметаат нема ни да не доближи, ни да не оддалечи, бидејќи сето тоа е политичка одлука. Според тоа, каков и да биде референдумот, беспредметно е да се мисли дека од нешто ќе не оддалечи што е десет или петнаесет години пред нас. Ние во меѓувреме мораме да живееме“.
XS
SM
MD
LG