Достапни линкови

Страв од верижни поскапувања


Поскапувањето на нафтените деривати за 9 ,3 2 односно 5 70 отсто може да предизвика удар врз натамошното функцинирање на јавниот градски превоз прдупредуваат во Јавнтото сообракајно претпријатие.



„Ние и онака сме во загуба и сега ќе трпиме уште поголеми загуби. Сите стегања околу внатрешното штедење и напорите да се издржи без да се зголеми цената веќе се истрошени и доколку градот не изнајде друго решение, ќе мораме да ја зголемиме цената на превозот“

го комнтира поскпувањето на нафтените деривати директорот на ЈСП Крсте Велајновски

Можноста од зголмување на цените на услугите по порастот на сумите на нафтените деривати не ја ислучуваат и во останатите јавните претприајтија. Претствникот на Топлификации Христо Кировски засега кусо коментира


„Не знаеме како ќе се движи цената на горивото во зимата. Никој не знае како ќе се движи цената во иднина, а кај нас мазутот е сировина што влегува со голем процент во цената на греењето“

Според експертите стравувањето од ново поскапување на улугите како поледица на порстот на цените на нафтените деривати е предимензинирно. Професорот по економија Михил Петковски оценува дека зголмувањето ан цената на нафтените деривати што е резултатат на влијанието на цената на нафтатата на светките пазари ќе предизвика зголмувње на потрошувачката во прозводството, но оти тоа нема да ги засегне потрошувачите, односно граѓаните .


„Мислам дека нема да има влијание врз инфлацијата, колку што ќе го поскапе производството, односно ќе влијае дестимулирачки за зголемување на производството“

Но, независно од исходот од анлизите за последичните ефеткти - новата цена на бензинот од над 60 денари за еден литар што е највисока сума досега - предизвика пробивање на психолошката бариера кај граганите


„На се ќе се одрази“

„Пре,ногу е ова. Досега 20 отсто. За нас таксистите тоа стана голем проблем, работиме без никаква сметка“

„Си играат играчки со луѓето“
XS
SM
MD
LG