Достапни линкови

Најважни се состојбите дома


Релациите на Макеоднија со Обединети нации во макеоднската јавност најчесто се врзуваат за разликите околу името што под покровителство на Светската Организација ги водат макеоднија и Грција. Тие официјално не се тема на средбите во рамките на генералното собрание велат од МНР. Членството во Обединетите нации од 93-тата година и ангажманот во рамките на оваа меѓународна организација се начин на кој Македонија се етаблира во светот. Учеството во работата на генералното собрание има најмалку две нивоа, вели представник на макеоднското министесртво за надворешни работи Горан Стефковски:

„Првиот сегмент е оној сегмент на високо ниво, кога учествуваат високи претставници на државите членки – претседатели, претседатели на влади, министри за надворешни работи, коишто за време на генералното собрание остваруваат меѓусебни контакти. Станува збор за собир на лидери од сите региони на светот. Значи, тоа е една можност да се воспостават контакти“

За Македонија овие средби и конкретно отвораат можност

„за воспоставување на дипломатски односи со голем број на држави од различни региони од страна на Македонија“

Во работниот дел кој практично започнува во октомври Макеоднија на 59-тото генерално собрание настапува И со своја иницијатива

„во правец на усвојување на една резолуција којашто е многу релевантна за регионот, а тоа е резолуцијата за зачувувањето на меѓународната безбедност, стабилност, добрососедство и развој на Југоисточна Европа“ - вели Стефковски .

Тој посочува дека целта на декларацијата е да се добие меЃународна подрШка на стабилноста И развојот на регионот на Југоисточна Европа, но истовремено таа представува и можност за афирмација на анашата надворешна политика.

Сепак упатените посочуваат: Статусот на една земја првенствено зависи од состојбите дома. поранешниот амбассадор во Светската организација Денко Малески во таа смисла вели

„Ние што побргу мораме да ги решиме своите внатрешни проблеми, да направиме една држава којашто сама може да се управува, без посредство на странски тутори, на странски дипломати и како такви да се појавиме на светската сцена. Тогаш без оглед дали сме мали, ќе уживаме еден углед. А ние тогаш, исто така, во рамките на нашите можности, ќе можеме да помогнеме на други држави коишто ќе бидат на патот за сопствена еманципација“
XS
SM
MD
LG