Достапни линкови

Криминалот од кризните региони се префрли во градовите


Мултиетничкиот состав на полицијата е важен услов за успешно справување со криминалот, сега е неопходно поинтензивно да се работи на реформирање на припадниците со цел подобро да се справуваат со појавите што се закана за безбедноста, сметаат аналитичарите:

„Мешаниот состав на полицијата е многу крупен чекор што е направен. Надминато е нарушувањет на јавниот ред, коешто може да има етно политичка основа. Меѓутоа, останува еден втор голем проблем, можеби уште поголем, отколку меѓуетничките тензии во Република Македонија и тој голем, огромен проблем во Македонија е класичниот криминал и структурите што се занимаваат со тој криминал се многу бројни и моќни и тие не респектираат едно национален или двонационален состав на полицијата, “

изјави професорот на Правниот факултет Владо Поповски кој порано беше и министер за одбрана. Со цел поефикасно да се работи на намалување на бројот на инциденти како напад врз полицијаци, а кои најчесто се поради криминал од најразлични облици, на реформа на полицијата работи мисијата на Европската Унија „Проксима“:

„Речиси девет месеци „Проксима“ е во Македонија и генерално мислиме дека состојбата продолжува да биде мирна и стабилна. Се разбира има изолирани инциденти како сериозни криминални активности, и затоа ние се фокусираме на работа со припадниците на полицијата и спроведување на програми што ќе помогнат тие поефикасно да се справуваат со ова. Се надеваме дека наскоро ова ке придонесе да се намали бројот на крминлани инциденти, а со тоа и Македонија ќе биде поблизу до Европа.“

вели Шина Томсон портпарол на Европската Унија во земјава. Од министерството за внатрешни работи пак посочуваат дека интензивно се работи се со цел намалување на криминалот:

,,Во последен период бевме сведоци на поголем број разбојништва во градовите. Може да се каже дека од поранешните кризни региони, криминалот се симна во градовите. Како резултат на тоа МВР го зголеми присуството во градовите,”

изјави портпаролот ан МВР, Горан Павловски.
XS
SM
MD
LG