Достапни линкови

Најавена радикализација на протестите


И покрај најавите за официјален старт на бербата на грозјето во кавадаречкиот регион, тоа нема да се случи. Причината се протестите на лозарите пред винарската визба, поради одбивањето на раководството, да ги прифати откупните цени понудени од лозарите:

,,Бербата нема да започне, ќе ги блокираме капиите на Тиквеш и нема да почне берба,”

вели Борис Давидов, претседател на Сојузот на лозарите.

Тие бараат покачување на откупните цени во однос на лани за 20 насто. Како што велат, нивното барање е основано, со оглед на фактот што цените на сите репро материјали за одлегување на грозјето се покачени.

,,Пет денари може ли грозје да биде? Една мастика е пет денари. Како не им е срам и на власта и на управата и на сите.”
,,Јас берам 1,000 кила преку сила. Пет денари, колку ќе добијам на крај? А шест пати сум го прскал. Моментално сум во була.”
,,Како ќе купам леб? Како ќе издржувам деца? Јас од тоа живеам, срамно е ова, за пет денари.”
,,Целата работа е за три денари по кило. Се е поскапени, трошоци, 180 насто, ДДВ, а на луѓето да не им се даде, за џабе да копаат и прскаат, каде го има тоа?”


За килограм смедеревка лозарите бараат винарската визба Тиквеш грозјето да им го откупи по 10 денари. А, за сортата Кратошија да плати 15 денари. Тие предлагаат, во откупната цена со по еден денар од киллограм да учествува и во државата:

,,Ако се газди треба да бидат газди, ако сакаат да има пазарна економија, треба да има, а не мангупска економија.”

Но, и покрај инсистирањата од министерството за земјоделство велат, ние не можеме да учествуваме во субвенционирање на произвидството. А, од ,,Тиквеш“ со став, цените остануваат на ланското ниво.

,,Не можеме да отстапиме од она што сме го определиле како политика, затоа што веруваме дека системот на индексирани цени, зависност од шеќерноста, обезбедува соодветна награда за квалитетот. Цените се такви, какви што се повеќе години. Реакциите настанаа, поради манипулирање со јавноста со лозарите, во начинот на претставување на годинешните цени,”

вели Ѓорѓи Петрушев од винарската визба ,,Тиквеш“.

Доколку не бидат послушани барањата на лозарите тие најавуваат радикализирање на веќе започнатите протести. Винарската цена од Неготино веќе почна со откупот на грозјето и како што е договорено со лозарите од тој крај, исплатата ќе биде за ланските цени.
XS
SM
MD
LG