Достапни линкови

Сериозен предизвик за Путин


Последниот бран терористички напади во Русија, заложничката криза во Северна Осетија и уривањето на двата авиона, се силен предизвик за претседателот Путин кој се издигна на власт со ветувањата дека ке осигура безбедност и економски просперитет. Прашањето е колку нападите го разнишаа неговиот авторитет.

Кирил Коктиш руски експерт од Московскиот институт за меѓународни прашања смета дека многу руси почнуваат да се прашуваат зошто власта изгледа беспомошна во справувањето со терористичките кризи како во последните неколку недели.

„Сметам дека нападите се сериозен предизвик. И се поголем број луѓе се прашуваат - Дали власта е способна да реагира соодветно за да ги решава проблемите.“

Коктиш вели дека нападите се случуваат во време на заострени економски услови. Цената на нафтата расте, а со тоа и другите цени. Како резултат на тоа се намалува рејтингот на Путин. Со тоа се согласува и Алексеј Малашенко аналитичар на Московскиот Карнеги центар. Досега Путин остануваше релативно заштитен од јавниот гнев во растечката небезбедност. Но доколку нападите продолжат ќе ја почуствува врелината на гневот.

„Доколку фреквенцијата на нападите продолжи и во големите градови кои се таргетирани, не можам да исклучам дека Путин ке биде запрашан да одговори на неколку прашања.“

Малашенко вели дека русите почнале да го потсетуваат Путин на дадените ветувања во 1999 година на старот од московската втора кампања во Чеченија. Путин, кој се уште се смета како релативно нов во политиката ја доби власат и поради очекувањата дека еднаш за секогаш ќе го реши проблемот во Чеченија. Граѓаните се прашуваат, потврдува и Коктиш од Московскиот Институт заошто животот станува полош и во безбедносна и во економска смисла. Сепак други аналитичари сметаат дека терористичките напади нема значајно да се рефлектираат врз популарноста на Путин во краток период. Николас Редман аналитичар на Економист интелиџенс посочува дека државата контролира голем дел од медиумите со што се отежнува определувањето за тоа колкава е вината на претседателот Путин.

„Во смисла на популарноста очигледно ефектот е негативен, но тоа ке биде пригушено поради високиот степен на само цензура кога станува збор за Чеченија.“

Според руските аналитичари тешко е дека Кремљ ке влезе во преговори со чеченскиот сепаратистички лидер Аслан Маскадов кој негира поврзаност со заложничката криза во Северна Осетија. Малашенко вели и дека ако продолжат критиките врз Путин за неговата политика за извесен степен за само владеење во Чеченија воениот естаблишмент па дури и промосковските чеченски политичари ке се заложат за директно воено владеење во Чеченија.
XS
SM
MD
LG