Достапни линкови

Македонскиот џеб и понатаму плиток за цените на учебниците


Почетокот на новата учебна година го плаќаат македонските граѓани. Пред градските книжарници многу родители кои деновиве чекаат во редици за да ги набават училишните коплети предочуваат дека висината на нивното чинење го надминува македонскиот просечен стандард.

„За двајца купувам до сега, за второ и петто, до сега имам потрошено 7,000, а уште немам купено се.“
„Скапо е. Ако не работи едниот родител, навистина е тешко.“


Со цел да ги олеснат финансиските проблеми на посиромашната категорија ученици во некои училишта се обезбедуваат бесплатни или учебници по поефтини суми. Но, тоа не ги олеснува проблемите во учебникарството во целост, вели Љупчо Коскаров директор на едно скопско училиште:

„Се слагам дека учебникарстовото е многу скапо. Ние сме единствена институција што има бесплатно образование, а верувајте ми, толку е скапо образованието, со инструменти, со надгледни средства, но не може да се бара од родителите поголема надокнада од тоа што самите може да го сносат.“

Ванчо Каранфилов, директор на издавачкаат куќа Табернкул вели дека поединечно учебниците не се прескапи:

„Можеби е точно тврдењето дека кога се е на куп, се добива сума којашто сигурно не е мала и не е за занемарување во однос на стандардот на луѓето. Меѓутоа, ако вие имате едно одделение во кое имате 10 или 12 предмети, прашање е дали можеби програмата или поделеноста на предмети не е преголема, па оттаму доаѓаат и големите трошоци.“

Од друга страна, според него, во делот на учебникарската политика се случува недозволива пракска наместо во книжарници дел од кногите се продаваат во училиште - како резултат на нелегално фаворизирање на одредени автори односно, непотизам во образованието.

„Тоа се елементи што придонесуваат за хаосот, расцепканоста, а тоа нормално влијае на цената.“

Просветените работници се согслува дека реформите во образованието повторно се наметнуваат како непоходно потребни за решение за проблемите кои во истовреме паѓаат врз родителите, учениците и наставниците.
XS
SM
MD
LG