Достапни линкови

Американската резолуција за воведување санкции против Судан


Во Советот за безбедност денеска продолжува разгледувањето на американската нацрт резолуција за воведување санкции против Судан поради конфликтот во провинцијата Дафур. Според американскиот амбасадор во Обединетите Нации Џон Данфорт силна резолуција би извршила притисок врз владата во Судан да реагира за да биде спречено убивањето во регионот.

„Човечки суштества се убиваат. Стотици биваат убиени секој ден како директен резултат на акциите на владата во Картум.“

Американската резолуција предвидува санкции против Судан, но седум од 15 земји членки на Советот за безбедност изразуваат резревираност во врска со предложената резолуција. русија и Кина сметаат дека таа би била контра продуктивна и дека на Судан треба да му се даде време да реагира. Како што јавуваат агенциите, околу 30 илјади луѓе загинаа во конфликтот во Дафур, а повеќе од милион се внатрешно раселени или пребегнати во соседните земји. Станува збор за една од најголемите хуманитарни катасрофи. Во конфликтот највеќе страда црнечкото население од арапските герилци.
XS
SM
MD
LG