Достапни линкови

Независната Комисија го објави извештајот за нападите од 11 септември


Во извештајот на Независната Комисија за нападите врз Америка на 11 септември 2001,објавен вчера се наведува дека администрациите на американските претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш не успеале во целост и адекватно да се изборат со терористичките закани. Комисијата предложи именување директор на национална безбедносна служба и воспоставување центар за борба против тероризмот за подобра координација во случај на идни терористички закани. Колку е ова прашање важно за Америка и сојузниците во реакциите потоа зборува Џејми Горелик бивш заменик јавен обвинител:

„Ние мислиме дека ова прашање е значајно за земјата. И доказ за тоа ќе биде, дали лидерите ќе постигнат единство за целта што ја креираме, а тоа се нашите широки напори во контра терористичката мисија.“

Чарлс Пена од Като институтот во Вашингтон вели дека се сомнева дека прашањето е кои од препораките на огромниот извештај ќе бидат прифатени. Пена сепак вели дека се сомнева дека администрацијата на актуелниот претседател Џорџ Буш ќе го игнорира овој извештај. Имено во Соединетите Држави, како што јавува нашиот дописник од Вашингтон се полемизира околу прашањето што ќе биде прифатено. Ова не е прв ваков панел. Другите досега биле игнорирани.
XS
SM
MD
LG