Достапни линкови

Кларификација на легалниот статус на затворениците во Гуантанамо Беј


Статусот на затворениците фатени од американските сили во Авганистан и Ирак е контроверзно прашање во Соединетите Држави додека законодавците и натаму добиваат нови извештаи за злоупотреби на ирачките притворени лица. Врховниот суд побара кларификација на легалниот статус на затворениците во базата Гуантанамо Беј, соопштувајки дека тие ги имаат истите права како и другите затвореници во Соединетите Држави. Вака дописникот од Вашингтон Ендрју Тули ја најавува оваа значајна недела за затворениците стационирани на Куба и во Ирак.

Во Гуантанамо Беј започнува сослушувањето на 600 лица заробени за време на војната во Авганистан. Тие немаа пристап до адвокат повеќе од две ипол години. Сослушувањето на непријателските борци е резултат на барањето на американскиот Врховен Суд дека Пентагон не може да им скрати правото на лични преставници. Американскиот секретар за морнарица Гордон Ингланд изјави дека на сите затвореници ќе им се овозможи ова право.

„Првиот контакт меѓу личните преставници и затворениците ќе се случи неделава. Нашиот план е да се одржи и првото судско сослушување.“

Ингланд прецизира дека затворениците нема да добијат адвокати, туку дека ќе ја добијат можноста да објаснат каде и кога се бореле со Талибанците и Ал Каеда против американските сили во Авганистан. За тоа, според Ингланд, армијата ке им овозможи високи стандарди. Во меѓувреме, Армискиот комитет на Сенатот планира неделава ново сослушување за да ги истражи новите обвинувања за злоупотреби на затвореници во Ирак. Шефот на Комитетот Сенаторот Џон Ворнер изјави дека ќе се надева оти ќе добие сведочење и од Пол Бремер, кој беше цивилен администратор во Ирак се до предавањето на сувереноста на привремената ирачка влада пред три недели. Тоа, според Ворнер, ќе биде значајно за двете независни истраги кои се водат одвоено од Конгресот и Министерството за Одбрана.

„Камен не остана непревртен и сите информации ќе бидат испитани со цел да утврдиме што се случи, како се случи и што е најважно, никогаш повеќе да не се случи.“

Минатата недела Меѓународниот Црвен Крст соопшти дека стравува оти скандалот со злоупотреби е многу пораширен отколку што се верувало. Црвениот Крст се сомнева дека американците кријат затвореници од Ирак и Авганистан на локации за кои тие не ги посетиле. Пентагон ги отфрлуи ваквите обвиненија.
XS
SM
MD
LG