Достапни линкови

Формирање на Сојуз на стопански комори


Формирањето на сојуз на стопански комори е неопходност, доколку сакаме да го заштитиме интересот на претприемачите во Македонија. Во моментов тие се обезглавени, нивните интереси никој не ги штити, а владата неместо да ги конуслтира во изготвувањето на законските акти по правило секогаш ги прескокнува, вели Саво Станковиќ сопственик на хај-тек корпорација и еден од иницијаторите за формирање на сојуз на стопански комори.

“Денеска имаме еден раачекор меѓу можностите на стопанството и резултатите што тоа ги покажува од една страна и иницијативата и законските проекти што се земаат и се прават во државава и реалностите со кој се соочува стопанската структура и економијата во Македонија.”

Постојната стопанска комора не ги штити интересите на претприемачите, вели Станковиќ, што е една од причините за формирање на сојуз на стопански комори:

“Во овој момент во Македонија нема стопанска комора, односно таа стопанска комора која ја имаме практично е државна и не фунцкионира со години наназад. Ниту формално функционира, ниту има формално избрани тела, ниту пак, од друга страна, ги заштитува интересите на стопанствениците.”

Вечерва на основачкото собрание ќе бидат формирани три комори, трговска, индустриска и сојуз на услужни дејности, а до крајот на годинава се најавуа и формирање на комора на банкарите и земјоделците.

“Седиштето на сојузот на коморите ќе биде во Скопје, а ќе функвионира на прицнип на членарина на членовите, а ќе се одредува врз основа на прометот на една фирма и се работи на доброволна база.”

Намалување на Царините на суровините , враќање на достоинството на земјоделците, решавањето на проблемот со невработеноста е трите клучни прашања кој за почеток ќе се обидат да ги решат 6леновите на сојузот на стопански комори.

“Наплатуваме царина за репроматеријали и го гушиме стопанството и тоа се одразува со рецесија на стопанството и тоа е знак веднаш да се интервенира на тоа поле, има море работи коишто треба да се средат.

Пред одржувањето на основачкото собрание во сојузот на стопански комори веќе се зачленети 1500 правни субјекти.
XS
SM
MD
LG