Достапни линкови

Политичките елити во земјава немаат концепт за децентрализацијата


Во Македонија меѓу луѓето владее конфузија, наместо остварување на нов општествено политички модел. Процесите на трансформции - како оние во обрзазоаванието и во локалната самоупрва главно се сведуваат на стравување, оти место да се гради - животот на Македонците и на Албнците се разградува и омеѓува. Пред предизвикот да одговрат на новиот концепт во општеството се сопнуваат и партнерите во власта. Тоа доплнително ја создава дилемата - што всушност се случува во нив. За ова политиклогот Ѓунер Исамил вели:

“За жал освен тоа што мислиме дека градиме, не правиме ништо друго, ние и не знаеме што градиме. Ние всушност во општеството трошиме само бескорисна енергија и предизвикуваме жестоки дискусии и несоодветни реакции на тоа.”

Експертите без исклучок се согласуваат дека новиот начин врз кој треба да се гради општеството е проблем на политичките елити кои раководат со овие процеси.

“Било да станува збор за политичките елити на албанскиот или македонскиот корпус, тие многу малку знаат што знчи да се биде држава. Какво образование треба да има во таа држава. Како треба да изгледа еден систем на цивилизирано изградена локална самоуправа и соодветно на тоа територијална поделба. Значи, на крајот на краиштата се сведува на тоа што нас не претставуваат луѓе коишто не се дораснати на задачите.”

Но за многумина не е доволно јасно зошто власата во нив не се снаоѓа. Според академик Блаже Ристовки, во основа, на сцена е обид за етничка поделба на државата:

“Всушност имаме две тотално спторитставени страни. Албанците сакаат по секоја цена она што не можеа да го добијат со воени средства, сега да го добијат со преговори како учесници во власта. Другата страна, по се изгледа не можат да го задоолат пазарот што го направиле и сега не можат да се спогодат околу делбата ан територијата.”

Според политикологот Хисен Рамадани, можеби само станува збор за:

“Фингиран процес. Самата власт е во криза бидејќи не може да реши некио проблеми, особено во економијата, па сега сака на меѓунационална основа, префрлувајќи ги проблемите, да го одвлече вниманието од вистинските проблеми. Инаку, овие проблеми немаат ниту основа, ниту имаат сила да изместат нешто кардинално за поделба на државата. Такви елементи немаат овие области, тие само се дуваат од други причини.”

Според Ѓунер Исмаил тоа е порака и сигнал оти власта мора да излезе од блокадата во која се најде процесот на децентрализација. Тој предупредува:

“Кога е теренот празен, кога нема концепт, нормално е да се очекува дека ќе се развиваат скриени аперити, дека ќе се јавуваат паралелни агенди, сомничење едни на друго, кога нема еден доминантен концепт, а го нема, тогаш сите овие пара концепти се можни.”
XS
SM
MD
LG