Достапни линкови

Младите најголеми жртви


Општ впечатокот дека децата и младите во земјава, не по своја вина станаа најголемите жртви на транзицијата.

„Ситуацијата во којашто младите се развиваат е повеќе од тешка, лоша социо – економска положба, висок процент млади кои се невработени, висок процент криминал, деликвенција, како и пороците коишто се развиваат во последните години,“

вели Зоран Илиевски претседавач на коалицијата младински невладини организации насловена како СЕГА. Во високо политизирано општество младите се маргинализирани вели Илевски:

„Се се зборува, ама најмалку за младите.“

Излезот де гледа во дефинирање на национална стратегија за млади, потфат што Макеоднија речиси последна во регионот се подготвува да го направи. Проектот го води агенцијата за спорт и млади, а во него активно учествува и мрежата младински невладини организациии. Јавната расправа за нацрт текстот што наесен треба да влезе во парламентарна процедира веќе е во тек, а досегашната работа ги дефинира приоритетите:

„Образование, култура, здравство, информирање, односно партиципација на младите, квалитет на живеење, локална младинска работа,“

вели Габриела Петреска претставник на агенцијата. Надежите се дека со стратегијата како што вели Илиевски

„Ќе ја натера владата да размислува малку повеќе од до сега и да даде препорака до ресорните министерства што треба да направат за младите“

Аргумент повеќе за дефинирањето на политиката за млади е и фактот што приоритетите на стратегијата воедно:

„Ќе бидат третирани во прашалникот на Европската комисија, којшто ќе го достави до Република Македонија како држава,“

вели Петреска. Но, безоглед на одгворите што ќе ги испратиме во Брисел останува впечатокот што го потврдува речиси секоја анкета дека младите најсилно ги манифестираат проблемите на општеството, апатија, бескорисност, безизлез, економска бесперспективност.
XS
SM
MD
LG