Достапни линкови

Го предадоа Садам Хусеин на новите власти во Багдад


Американските сили во Ирак вчера на новите власти во Багдад им ја предадоа правната надлежност врз поранешниот претседател Садам Хусеин. Со него се и единаесетмина други уапсени припадници на бившиот режим. Меѓу нив, поранешниот вицепремиер Тарик Азиз и Али Хасан Ал Мeџид, попознат како Хемичарот Али, поради извршените напади со хемиско оружје врз курдите во северен Ирак. Аналитичарот Алиреза Нуризадех од Центарот за арапски и ирански студии во Лондон смета дека одлуката на новите ирачки власти веднаш да ја преземат правната надлежност врз Садам Хусеин била брилајнтна. Тоа, како што вели, ќе го демитологизира Хусеин.

"Гледањето на Садам како е испрашуван од ирачкиот суд, претставува клучна точка. Барем за оние што се уште се надеваат дека Садам би можело да се врати на власт.,,

Вели Нуризадех. Садам Хусеин беше уапсен од американските сили во минатиот декември и од тогаш се појавија дискусиите за тоа каде и како ќе биде суден. Ирачкиот привремен премиер Ијад Алави вели дека Садам Хусеин ќе има фер судење.

"Ви гарантираме дека ова ќе биде фер судење, поинаво од судењата што Садам ги спроведуваше против неговите непријатели, против ирачкиот народ.,,

Ирачкиот советник за национална безбедност Мовафак ал Рубаи, ветувајќи фер судење кое ќе биде пренесувано на телевизија, вели дека Садам Хусеин се соочува со смртна казна:

"Стотици илјади луѓе беа убиени во масовни гробници. Десетици илјади беа егезекутирани во затворот Аби Граиб. Тој почна три војни, две од нив против соседните земји. Сето тоа се злосторства против човештвото.,,

Смета Ал Рубаи. Садам Хусеин и единаесетте негови поранешни соработници, заради безбедносни причини, ќе останат во американски затвор се додека ирачаните не бидат подготвени да го преземат неговото чување. За тоа ќе биде потребно извесно време, велат властите во Багдад, додавајќи дека официјалното судење против нив би требало да започне по неколку месеци.
XS
SM
MD
LG